Македонија
По третман на рачен зглоб пациентите ќе си одат дома истиот ден
Пациентите со повреда на рачните зглобови ќе бидат третирани со најсовремена метода, по која пациентот си оди дома истиот ден и може да ја користи раката за неколку дена.
Пациентите со повреда на рачните зглобови ќе бидат третирани со најсовремена метода, по која пациентот си оди дома истиот ден и може да ја користи раката за неколку дена.
За ова денеска информираше д-р. Виктор Камилоски од Универзитетската клиника за хируршки болести каде веќе извршиле ваква интервенција кај двајца пациенти.
„Пациентот по третманот не чувствува никаква болка и ова е епохално откритие. Артроскопот кој има вградена камера влегува во рачниот зглоб со минимален рез по што се третира без да го отвараме“, појасни Камилоски.
Тој додаде дека најголема предност е тоа што пациентот брзо се опоравува и што нема болничко лежење, туку си заминува од клиниката истиот ден .
Професионалните спортисти, по интервенцијата раката можат да ја користат како и порано по два до два и пол месеци.
Како што кажа Камилоски, ваквата интервенција која засега не се прави никаде во регионот, во странство чини од пет до 10 илјади евра, а кај нас комплетно ќе ја покрива Фондот за здравство.
Доктор Камилоски информираше дека годишно кај околу 80 пациенти прават интервенции на рачен зглоб, но и дека нема кај сите пациенти да ја применуваат новата метода. Имено, за еден месец очекуваат да им пристигне и апарат за магнетна резонанца со која ќе се дијагностицира кај кои пациенти е потребна ваквата интервенција./крај/макфакс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

