Македонија
Проблеми со паушалното оданочување во земјоделството

Фармерите се соочуваат со проблеми околу спроведувањето на паушалното оданочување во земјоделството, соопштија од Федерацијата на фармерите во Република Македонија (ФФРМ).
Фармерите се соочуваат со проблеми околу спроведувањето на паушалното оданочување во земјоделството, соопштија од Федерацијата на фармерите во Република Македонија (ФФРМ).
Од ФФРМ изјавија дека “позитивно прикажана даночна политика“, ќе се одрази негативно врз нив и врз земјоделството.
Фармерите се надеваа дека ќе бидат ослободени од плаќање на данок ако остварат приход до 5000 евра, а оние кои работат на друго место но остваруваат приходи и од земјоделство ќе бидат оданочени на 20 отсто, додека во изминатите години откупувачите им одбиваа данок на 65 отсто од приходите.
„Проблем со паушалното оданочување претставува фактот дека сите оние што се наддавале дека ќе бидат ослободени од оданочување, сега им стигнува известување од Управата за јавни приходи (УЈП), дека во суштина тие не подлежат на ослободување и ќе плаќаат на цел бруто приход“, соопштија од ФФРМ.
Според Министерството за финансии, овие фармери влегуваат во категорија на земјоделци со дополнителна дејност, бидејќи нема друг закон кој ја покрива оваа група во коja влегуваат сите оние кои не плаќаат пензиско и инвалидско осигурување, без разлика дека основната егзистенција им е од земјоделство.
Друг проблем со паушалното оданочување е прашањето за надминување на ограничувањето од 1.300.000 денари каде Законот предвидува дека треба да регистрираат фирма, бидејќи доколку откупувачите на земјоделски производи ќе им исплатат на фармерите за нивното производство за две години во една, тогаш многу е лесно да се надмине оваа граница.
ФФРМ уште од јануари бара средба со Министерот за финансии за надминување на овие проблеми, но велат дека таа средба сеуште не е остварена.
Тие го критикуваат министерот Зоран Ставрески дека на игнорантен начин се однесува кон земјоделците и ова само ги зголемува проблемите на фармерите.
ФФРМ апелираа до Министерството за финансии да седне и да разговара со фармерите со цел да се најде решение и предупредуваат доколку ова не се случи планираат да преземе рестриктивни мерки и активности со цел да се изнајде решение и да се помогне на фармерите./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.