Свет
САД првпат ќе присуствуваат на годишнината од нападот врз Хирошима

САД оваа година за првпат ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината од нуклеарниот напад врз Хирошима на 6. август 1945 година, во кој загинаа 140 илјади луѓе.
САД оваа година за првпат ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината од нуклеарниот напад врз Хирошима на 6. август 1945 година, во кој загинаа 140 илјади луѓе.
Шест и пол децении подоцна, американскиот амбасадор во Јапонија, Џон Рус, ќе положи венец во Хирошима.Од Стејт Департментот соопштуваат дека на тој начин ќе се „изрази почит на сите жртви од Втората светска војна“. Досега САД никогаш не упатиле официјално извинување за атомските напади врз Хирошима и Нагасаки.
Американската војска на 6. август 1945 г. ја фрли првата атомска бомба во историјата над индустрискиот град Хирошима. Втората бомба е фрлена три дена подоцна врз Нагасаки, во југозападниот дел од земјата. Во тој напад загинаа повеќе од 70 илјади луѓе.
Истражувањата во САД покажуваат дека и денес, поголем дел од Американците сметаат дека фрлањето на атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки било оправдано.
На годинешната церемонија ќе присуствуваат и претставници на Франција и на Британија, кои беа сојузници на САД во Втората светска војна, како и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун. /крај/бт/бч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).