Контакт

Свет

Американскиот хеликоптер во саботата паднал во талибанска стапица

Објавено пред

Американскиот хеликоптер кој во саботата беше урнат во Авганистан, кога загинаа 31 американски војник и седум авганистански офицери, го урнале талибаните.

dobivaj vesti na viber

Американскиот хеликоптер кој во саботата беше урнат во Авганистан, кога загинаа 31 американски војник и седум авганистански офицери, го урнале талибаните. Како што пренесува AFP, повикувајќи се на извор во владата на Авганистан, американските специјалци биле намамени во замка на талибаните со давање лажни информации. Инаку ова уривање беше најтешката загуба во жива сила на меѓународната коалиција од почетокот на интервенцијата во Авганистан во 2001 година, со која беше соборен талибанскиот режим. „Потврдено е дека хеликоптерот е соборен и паднал во стапица на лидерот на локалните талибани Кари Тахир“, изјавил неименуваниот извор за француската новинска агенција.„Тој им давал на Американците лажни информации за состанок на талибанските бунтовници во еден од тамошните комплекси. Знаел по кој пат ќе тргнат хеликоптерите и заземал позиции на двете страни од долината.“, појаснува соговорникот на AFP.Кога пристигнал хеликоптерот на посочената локација, бунтовниците го нападнеле со ракети и современо против воздушно вооружување. Изворот  додал и дека во хеликоптерот се наоѓале припадници на специјалните сили, но бил повикан како засилување за американските сили кои го нападнале сомнителниот објект во кој имало околу 30 талибани, наместо 8 колку што требало да бидат според лажната информација.Претходно во понеделникот портпаролот на мисијата ИСАФ соопшти дека се истражуваат причините за несреќата, и дека во тек е обезбедувањето дополнителни информации за инцидентот. Во саботата најмалку 31 припадник на американските специјални единици загина откако се урна хеликоптер на Меѓународните безбедносни сили на НАТО за помош на Авганистан (ИСАФ), во источната провинција Вардак.Според првичните информации од саботата што ги лиферуваше руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на градоначалникот на Мајдан-Шахр, центар на провинцијата Вардак, Халим Федаи, бунтовниците го собориле хеликоптерот со ракета „земја-воздух“. /крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Албанија чекор поблиску до ЕУ: отвори нов кластер

Објавено пред

Албанија го отвори петтиот од вкупно шест кластери во преговорите за пристапување во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Ова е кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја од преговорите: транспорт (14), енергетика (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).

„Албанија врши импресивна работа. Доколку продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција изјави дека ЕУ е „империја“ на која Албанија сака да ѝ припаѓа.

„Денес отворивме уште еден кластер, петти за 11 месеци. Мислам дека е рекорд. Сакаме да го отвориме последниот кластер до крајот на годината, знам дека е амбициозно, но се надевам дека ќе успееме“, рече Рама.
Тој додаде дека сè уште има многу предизвици и напори пред Албанија, но дека нема друг начин.

„Конечно, за прв пат во историјата, можеме слободно да избереме со кого сакаме да се венчаме. Во минатото, бевме принудени да се венчаме со други империи, но ова е империјата од која сакаме да бидеме дел.“ Империја на вредности, права и безбедност во која нашите граѓани ќе бидат убедени дека нивната слобода и права нема да бидат одземени“, рече Рама.

„Знам дека реформите што ги бараме од земјите-кандидатки понекогаш не се лесни и бараат фундаментални промени, но Албанија покажа дека позитивните промени се можни и дека ЕУ ги наградува“, рече Кос.

Европската комесарка ги пофали албанските власти за реформите спроведени во последните години, додавајќи дека не е лесно да се отворат кластери, но дека е уште потешко да се затворат поглавјата и дека Албанија мора да продолжи да спроведува реформи, особено во областите на судските реформи, борбата против корупцијата, правата на малцинствата и слободата на медиумите.

Кос изјави дека целта на албанската влада е да ги заврши преговорите во техничкиот дел до крајот на 2027 година и дека Европската унија ја поддржува таа визија.

„Нема сомнение дека иднината на Албанија е во ЕУ, а денес сме еден чекор поблиску до таа цел“, рече Кос.

Пред почетокот на меѓувладината конференција, таа рече дека постојат разлики меѓу земјите-кандидатки и дека една од најголемите улоги во процесот на пристапување ја игра раководството на земјата.

„Ако раководството покаже проевропска ориентација, тогаш граѓаните имаат чувство дека земјата оди во вистинската насока“, рече Кос.

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, чија земја претседава со ЕУ, рече дека отворањето на уште еден кластер во преговорите за пристапување на Албанија е значаен чекор и покажува дека вистинските реформи носат вистински резултати.

„Со текот на годините, Албанија вложи големи напори во реформирањето на судството, борбата против корупцијата и хармонизирањето со надворешната политика на ЕУ. Покажа дека јасно ја гледа својата иднина во Европа, произведува резултати и заслужува признание“, рече Бјере.

Таа додаде дека данското претседателство со ЕУ ќе продолжи да работи на процесот на проширување, кој стана геополитичка неопходност по руската инвазија на Украина.

„Мораме да продолжиме со проширувањето за посилна и побезбедна ЕУ и затоа проширувањето е приоритет на данското претседателство“, рече Бјере.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот непријателски земји

Објавено пред

Русија постепено се оддалечува од терминот непријателски земји, постојат само земји со влади што не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.

Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји што „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Објавено пред

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови кога беа забележани ајкули во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, а некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.

Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови, како што се тигрестите и леопардските ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и од службите за спасување, според написите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Идентификувани се 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека околу дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според...

Македонија42 минути

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68) во Велес, претходно биле...

Македонија3 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија3 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет4 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија4 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија4 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија5 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет5 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија17 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија17 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ18 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија18 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија20 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија22 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ22 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија24 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија1 ден

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија1 ден

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија1 ден

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...