Македонија
Собраниските комисии работат без застој
Предвидените предлог закони на собраниската комисија за финансирање и буџет и законодавната комисија експресно беа изгласани бидејќи немаше амандмански расправи
Предлог- законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост беше изгласан по скратена постапка, по што директно оди на Собрание, а откако ќе биде изгласан ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи во сила.„Предлог- законот беше ставен на пленарна седница и побарано од страна на Владата да оди по скратена постапка бидејќи не се работи за обемни измени, а со цел да се донесе побрзо законот затоа што рокот кој што беше до 27 јануари за поднесување на барања за приватизација на корисничкото право во сопственичко право кое што го имаа граѓаните истече“, рече Недим Рамизи, заменик министер за финансии.Од министерството за финансии велат дека основата цел на измените на законот се заради поедноставување на постапката за приватизација на градежно земјиште, намалување на трошоците и пролонгирање на рокот за откуп.Вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески изјави дека граѓаните кои живеат во станбени објекти ќе можат да го откупат својот дел без елаборат.Вкупната површина на земјиштето на кое има станбени згради ќе се дели во бројот на посебните делови од зградата и ќе се множи со висината на надоместокот по метар квадратен утврден со уредба за висина на недомест за приватизација на градежно земјиште на овој начин ќе се утврдува надоместокот за приватизација кај станбените згради.Рокот за поднесување барање за откуп на дворно земјиште беше пролонгиран до крајот на 2012 година со цел граѓаните да можат да го приватизираат својот дел.На седницата на законодавно-правната комисија беа изгласани четири предлог закони, законот за трговски друштва, индустриска сопственост, безбедност на производите и заштита на потрошувачите.На претходните собраниските комисии фалеа членови, па претседателите на комисиите се обидуваа да обезбедат кворум.Меѓутоа денес тоа не беше случај сите членови од власта беа присутни на комисиите и без претходна дебата се изгласаа сите предлог закони.Обичај на собраниските комисии кога е присутна опозицијата е да има долги и жестоки дебати.Пред една седмица пратениците од СДСМ го напуштија Собранието незадоволни од политиката која ја води власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

