Економија
„Феникс Енерџи“ се жали на отворањето стечај за „Сведмилк“
„Феникс Енерџи“ поднесе жалба на судската одлука за отворање стечајна постапка за „Сведмилк Македонија“, соопшти денеска менаџерот на компанијата
Моше Баум тврди дека од млекарницата не земал пари, ниту направил каков било профит, но признава дека згрешил многу зашто давал ветувања што не може да ги исполни.„„Феникс Енерџи“ сака „Сведмилк“ да работи и да не се ликвидира. Оваа фабрика е единствена во регионот и повеќе од тажно е што не се користи нејзиниот капацитет. Како доказ дека сме способни да работиме на судот му доставивме Договор потпишан со Пегасис институтот од Италија во вредност од 21 милион евра за обезбедување шест модерни фарми во Македонија, ивестиции во земјоделството и извоз на млеко. Дадовме доказ и за добиен тендер во Африка од една тамошна агенција за развој. Од тендерот „Сведмилк“ месечно ќе добива еден милион евра, наведува Баум во писмениот допис до медиумите.Овие докази, се додава во писменото соопштение до медиумите, покажуваат дека намерата на „Феникс Енерџи“ за „Сведмилк“ е чист бизнис интерес, иако во македонската јавност постои друго, поинакво мислење.„Признавам дека направив грешки додека бев во Македонија, давајќи ветувања кои не можев да ги одржам. Јас не бегам од тоа, не бегам од мојата одговорност. Длабоко се извинувам на секој кој остана повреден од моите постапки. Направив грешка што по купувањето на уделите од фабриката не си дадов време за реорганизација на фабриката, не се вратив во САД за да средам сигурен влез на пари и наместо тоа завршив во полиција за нешто што не го сторив. Заглавив во Македонија бидејќи ми го одземаа пасошот. Поради тоа ситуацијата само се влоши и имав повеќе проблеми да донесам свеж капитал во Македонија поради лошиот публицитет“, стои во дописот потпишан од Баум.Според него, „Феникс Енерџи“ изгуби пари во Македонија, а луѓето што направија профит од млекарницата, слободно се движат во Македонија и Шведска.Баум и натаму е убеден дека „Сведмилк“ може да оствари профит, особено, како што вели, преку мрежата за извоз на „Феникс Енерџи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

