Свет
Сеул внимателен со Северна Кореја

Јужнокорејските бродови и авиони патролираат долж спорната граница со Северна Кореја, по завчерашните воени вежби на островот што минатиот месец беше нападнат од страна на Северна Кореја.Северна Кореја најави дека нема да се одмаздува поради вежбата на островот Јеогпјеонг, но властите во Сеул се внимателни и тврдат дека досегашниот недостаток на агресија ниту на еден начин не значи дека соседите се смириле.Северна Кореја водите околу спорниот остров ги смета за своја територија и во ноември изврши артилериски напад на островот, при што загинаа четири лица. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пропалестински активисти протестираат пред Белата куќа пред посетата на Нетанјаху

Демонстранти се собраа пред Белата куќа во знак на протест против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон.
View this post on Instagram
Носејќи палестински знамиња и транспаренти, демонстрантите ги осудија воените акции на Израел во Газа и повикаа на прекин на американската поддршка за Израел.
🛑 Pro-Palestinian groups gather outside White House to protest Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu’s visit https://t.co/dhuyUDnveK pic.twitter.com/FeRhGeQKzh
— Anadolu English (@anadoluagency) July 7, 2025
Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговараат за преговорите со Хамас за прекин на огнот, кој се очекува да трае најмалку 60 дена.
Свет
(Видео) Лав избега од куќа во Пакистан, нападна жена и деца, сопствениците уапсени

Драматичен инцидент се случи во источниот пакистански град Лахор кога лав избега од семејна куќа и нападна жена со три мали деца на улица. Според официјалните информации од властите, нападот се случил кога лавот скокнал преку бетонски ѕид и одеднаш се стрчал кон семејството, пишува Би-би-си.
Снимката го покажува лавот како брза кон жената додека минувачите бегаат во паника во обид да избегнат опасност. Жената и нејзините деца, на возраст од пет и седум години, претрпеле повреди на рацете и лицето. Тие се во стабилна состојба и се надвор од опасност.
A #pet #lion escaped in Lahore, Pakistan yesterday, attacking a woman and two children on a busy street. Shocking footage shows the big cat leaping over a wall before pouncing on them. The lion was captured and sent to #wildlife park. The owner was arrested. While people can… pic.twitter.com/L8qiWgNag1
— Raza Ahmad Rumi (@Razarumi) July 4, 2025
Полицијата ги уапси сопствениците, кои, според извештаите, ги држеле лавовите без дозвола. Тие се обвинети за небрежност и нелегално поседување диво животно во границите на градот. Лавот што го предизвикал инцидентот е фатен и преместен во блискиот парк за диви животни.
„Тие само стоеја таму и гледаа како лавот го напаѓа моето семејство“, рече таткото на повредените деца додавајќи дека сопствениците не се обиделе да го спречат животното или да им помогнат на жртвите.
Пакистанскиот закон дозволува чување големи мачки, како што се лавови, тигри, пуми, гепарди и јагуари, но само ако се регистрирани и се чуваат надвор од урбаните средини. Потребна е и еднократна дозвола, која чини 50.000 пакистански рупии, што е речиси 176 американски долари.
По овој напад, властите во пакистанската покраина Пенџаб почнаа со зголемен надзор врз чување диви животни. За само неколку дена беа уапсени пет лица, а вкупно 13 лава беа запленети.
Во јануари оваа година пакистанскиот јутјубер Раџаб Бута, кој има повеќе од 5,6 милиони претплатници, доби свадбен подарок лавче. За нелегално чување на животното му беше наредено да снима едукативни видеа за благосостојбата и заштитата на животните.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.