Македонија
Дебата: Борбата за родова еднаквост се води секојдневно
Борбата за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, треба да се води секој ден од жените и мажите во општеството, заклучуваат денешните учесници на дебатата по повод 100-годишнината од одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.
Борбата за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, треба да се води секој ден од жените и мажите во општеството, заклучуваат денешните учесници на дебатата по повод 100-годишнината од одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.Евро амбасадорот Питер Соренсен нагласи дека во Европската унија плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата, правдата, солидарноста и еднаквоста помеѓу мажите и жените мора да преовладува.„Меѓународниот ден на жената оваа година е инспириран од еднаквиот пристап до образованието, обука наука и технологија. Како што е нагласено од овие теми, еднаквоста помеѓу мажите и жените не е само прашање за зајакнување на основните права и социјалната правда туку е и еден предуслов за постигнување на одржлив развој, целосно вработување, конкурентност, научни издигнувања и социјална кохезија. На општеството му е потребно и мажите и жените да бидат еднакви учесници и токму поради тоа треба многу често да се потсетуваме“, рече Соренсен.Холандската амбасадорка Симоне Филипини, порача дека на ова поле треба да се концентрира на задачите кои треба да се извршат, а не на успесите кои се веќе постигнати.„Во Македонија навистина се заложија да се регулира законската рамка, но секогаш знаеме дека постои голем јаз помеѓу правната рамка и реалноста која постои. А ние сме токму таму, во реалноста, и можеме да имаме колку што сакаме закони, но битни се само резултатите“, рече Филипини.Деадре Појд координатор на ОН во Македонија рече дека низ целиот свет жените заработуваат помалку од мажите. „Во оваа земја генерално правата на жените се почитуваат, но постојат уште нееднаквости. Овде, само една петтина од работодавците се жени, и немаме ниту една жена градоначалник. Многу жени од ромската заедница се соочуваат со тројна дискриминација – со тоа што се Ромки, тоа што се жени и тоа што се сиромашни. Повеќе од 80 отсто од жените Ромки никогаш не биле вработени, а младите девојки Ромки често се откажуваат од нивното едуцирање. Дојдов и до еден интересен податок дека од сите луѓе кои имаат возачки дозволи во оваа земја, само 20 отсто се жени“, рече Појд.Според неа добрите закони не се доволни за вистинска промена на терен и за да се смени ситуацијата навистина треба залагање за вистинска еднаквост и вистинско зајакнување на улогата на жените.Дискусијата беше во организација на Европската унија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потребата од нов Закон за помилување на маса на средбата помеѓу Давкова и Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која стана збор за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
Како што соопштија од кабинетот на Давкова, на средбата беа разменети и аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призмата на правото и правдата.
Македонија
Деспотовски остана без пасош
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој има обврска повремено да се јавува во судот.
Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката, додека според некои информации во јавноста, истата, се однесува на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.
Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.
Македонија
Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.