Свет
Израел ги протерува Палестинците од источен Ерусалим
Израел ги брка палестинците од источен Ерусалим во рамките на политиката која би можела да се окарактеризира како воено злосторство, објави вчера угледната израелска невладина организација „Израелски одбор против рушењето на куќите“ (ИЦАХД).
Израел ги брка палестинците од источен Ерусалим во рамките на политиката која би можела да се окарактеризира како воено злосторство, објави вчера угледната израелска невладина организација „Израелски одбор против рушењето на куќите“ (ИЦАХД).
Организација вчера до ОН го предаде својот извештај и побара истрага за тврдењата6а дека Израел намерно на Палестинците им ги руши куќите, им ја укинала дозволата за престој и им го спушта квалитетот на животот.
„Сведоци сме на процес на етничко раселување. Израел отворено и намерно го крши меѓународното право, а мотивацијата е демографска“, вели Мајкл Сфард, адвокат кој учествувал во пишувањето на извештајот од 73 страници.
Стефан Милер, портпаролот на градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, ги отфрла тврдењата наведени во извештајот. Во неговото соопштение се вели дека извештајот е темелен на „спорни факти, очигледни лаги и политички спин за Ерусалим, па оттаму управата на градот е сигурна дека ќе им се допадне на ОН“.
Во источен Ерусалим живеат околу 300.000 палестинци, кои претставуваат околу 35 проценти од вкупното население на градот, но ИЦАХД тврди дека Израел, откако ја презел контролата врз мнозинските арапски области, систематски го попречува новиот развој.
Една третина од градежното земјиште во градот е наменета за изградба на еврејски населби, а само на девет проценти е можна градба на други населби. Тоа земјиште е веќе искористено, со што ширењето на палестинските населби е практично невозможно.
„Палестинците немаат друг избор, освен си одат од источен Ерусалим, да градат бесправно или да живеат во ужасни услови“, вели Емили Шаефер, исто така автор на извештајот. Оние Палестинци кои ќе заминат на период подолг од седум години, остануваат без дозволата за престој и не смеат да се вратат. Од 1967 до 2010 година без право на враќање останаа 14.000 палестинци, од кои половината по 2006 година.
Оние кои градат илегално, живеат во постојан страв дека ќе им ги срушат куќите, а им се закануваат и големи казни. Израел од 1967 година наваму во источен Ерусалим срушил преку 2.000 куќи, а уште 1.500 чекаат на рушење.
„Палестинците де факто ќе бидат протерани од источен Ерусалим, не со пушки и камиони, туку со спречување на пристоен, нормален живот“, вели Сфрад.
Израел го зазема источен Ерусалим во војната во 1967 година, а потоа го анектираше и заедно со околните села од Западниот брег ги прогласи за една ерусалемска општина и за единствена и вечна израелска престолнина. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош.
Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои добиле субвенции од ЕУ со лажни документи.
Стотици земјоделци од целата земја протестираат со трактори пред Министерството за аграрен развој. Главната иницијатива е од сточарите од островот Крит, кои пристигнаа специјално за демонстрациите во грчката престолнина. Во Александрополис, тие го блокираа аеродромот за да го спречат премиерот Мицотакис да го посети регионот. Во Солун, десетици трактори го запреа сообраќајот на патот кон Халкидики. Друга голема група е пред Министерството за Северна Грција. Во Лариса, сообраќајот на автопатот е исто така блокиран.
Денешните протести се само предупредување, велат земјоделците. Земјоделскиот сектор покажува подготвеност за активни протестни акции. Пратениците од опозицијата и лидерите на партиите се придружија на демонстрациите во Атина.
Свет
Украина обвини седум лица во корупциски скандал вреден 100 милиони долари
Украинските власти подигнаа обвинение против седум лица поврзани со корупциска афера вредна околу 100 милиони долари, во која се инволвирани високи функционери на државната енергетска компанија „Енергоатом“.
Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) соопшти дека привело пет лица, а идентификувало уште двајца осомничени за вмешаност во шема за злоупотреби при јавни набавки во државните претпријатија, особено во „Енергоатом“.
Како главен организатор на аферата се спомнува Тимур Миндич, поранешен бизнис-соработник на претседателот Володимир Зеленски. Миндич, кој работеше во продуцентската куќа „Квартал 95“, каде што Зеленски ја изгради својата кариера пред да влезе во политиката, не одговори на барањето за коментар.
Меѓу обвинетите се и поранешен советник на министерот за енергетика, шефот на безбедност на „Енергоатом“, како и неколку вработени во компанијата. Министерството за правда потврди дека против поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко биле спроведени истражни дејства, но не е познато дали е поврзан со оваа истрага.
Истрагата се води во време кога Украина се подготвува за нова зимска сезона со можни прекини на струја поради руските напади, а „Енергоатом“ има клучна улога во снабдувањето со електрична енергија во земјата.
Свет
(Видео) Русите: Презедовме целосна контрола врз источниот дел на Купјанск
Руските сили презедоа целосна контрола врз источниот дел од градот Купјанск во Харковската област и активно напредуваат во Покровск во Донецката област, објави денес руското Министерство за одбрана. Министерството, исто така, објави дека неговите трупи ја окупирале населбата Новоупенивске во југоисточниот Запорожски регион.
Москва тврди дека освојувањето на Покровск, наречен „портата кон Донецк“, би создало платформа за понатамошен напредок кон Краматорск и Славјанск, двата најголеми преостанати градови под контрола на Украина во областа. Русија се обидува да го опколи Покровск повеќе од една година, користејќи тактики на клешти за да ги загрози линиите за снабдување, за разлика од фронталните напади што се користеа во освојувањето на Бахмут во 2023 година.
❗️У мережі з’явилося відео наступу російських військ на Покровськ.
На кадрах видно, що окупанти використовують туманну погоду для просування.
Офіційних даних від українських сил щодо ситуації на місці наразі ще немає pic.twitter.com/GDrdkxQmq9
— NV (@tweetsNV) November 11, 2025
На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го прикажува влегувањето на руските сили во Покровск на пат обвиен во густа магла.
Видеото прикажува руски војници на мотоцикли и во необичен конвој од автомобили и други возила, многу без врати или прозорци, како се движат по пат покриен со урнатини.
Некои војници дури седат на покривот на уништеното возило. Ројтерс можеше да ја потврди локацијата на видеото како Покровск врз основа на распоредот на патиштата, знаците и другите детали што се совпаѓаат со сателитските снимки, но не можеше независно да го потврди датумот на снимањето.

