Македонија
Сообраќајот се одвива исклучително отежнато
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег на целата територија, само во некои делови врнежите се од дожд.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег на целата територија, само во некои делови врнежите се од дожд. Коловозите се лизгави и со големи остатоци од снег, информираат од АМАМ. Поради интензивни врнежи од снег и големи остатоци од снег на коловозите, има воведено забрани за движење на тешките товарни возила на патните правци: М4 Гостивар-Кичево преку Стража; Р409 крак Маврово-Дебар; М4 Струга-г.п. Ќафасан; М2 Крива Паланка-г.п. Деве Баир и Тетово-Попова Шапка. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимската опрема. Поради големи остатоци од снег на коловозите и отежнато движење, задолжителна е употреба на зимската опрема за сите видови на возила на патните правци: Градско-Прилеп преку Плетвар, Мак. Брод-Прилеп и Кратово-Пробиштип. Исклучително отежнат сообраќај има на планинските превои Пресека, Буково, Ѓавато и Кула на делницата Велес-Катланово каде сепак нема забрани за движење на возилата, но се препорачува употреба на зимската опрема за сите видови на возила. АМСМ до сите возачи препорачува исклучително внимателно возење на отежнатите услови за сообраќај, прилагодена брзина на движење на лизгавите коловози. Да се внимава на делниците Струга-Дебар и Катланово-Велес каде се забележува почеста појава на одрони. Препорака од АМСМ е да не се патува во текот на вечерните и ноќните часови. На граничните премини во моментов не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата./амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

