Македонија
Уставниот суд одлучи- нема повластено пензионирање за полицајци
Уставниот суд одлучи да укине два члена од законот за внатрешни работи со кои на полицајците им се овозможуваше пензионирање со 40 годишен работен стаж и избор на 10 најдобри години во плати.
Уставниот суд одлучи да укине два члена од законот за внатрешни работи со кои на полицајците им се овозможуваше пензионирање со 40 годишен работен стаж и избор на 10 најдобри години во плати.
Поради нееднаквост со колегите од армијата и други овластени службени лица, според одлуката на судот, не постои оправданост зошто припадниците на МВР би биле поповластени од другите служби во државата и службеници кои исто така носат оружје и им се заканува постојана опасност по животот.
Исто така, уставниот суд смета дека нема оправданост полицајците да земаат пет отпремнини за разлика од останатите кои добиваат три. Од судот појаснија дека оценка на уставност на одредбите побарале еден скопјанец и двајца граѓани на Битола.
Уставниот суд вчера ја отфрли иницијативата за законитоста на одлуката на општина центар за поставување спомен обележја односно 18 споменици поднесена од архитектот Мирослав Грчев.
Судот смета дека општината има право да донесува вакви програми и дека начинот на реализација е утврден со закон.
На вчерашната седница судот поведе постапка за правилникот за доменот МК во електронското комуницирање. Судот смета дека правилникот не може да функционира како закон и дека навлегол во законодавна материја. /крај/ км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

