Македонија
Книга и роза за Светскиот ден на книгата и авторското прав
Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележа денеска по петнаесетти пат во организација на УНЕСКО.
Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележа денеска по петнаесетти пат во организација на УНЕСКО.
Со книга и рози беа почестени сите љубители на книгата кои се собраа во голем број во Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
„Книгите се истовремено уметнички и научни дела, тие се вектори на идеите.Тие прекрасно ја конкретизираат различноста на креативноста .Книгите не водат кон универзалното знаење и учествуваат во меѓукултурниот дијалог. Тие се инструмент на мирот“, порача Ирина Бокова генерален директор на УНЕСКО
Меѓу присутните беа и еминентни писатели и академици од чии дела можеа да си одберат присутните.
„Книгата отвора врати во цел свет а ако влезе во вашиот дом, таа станува таму најголем трезор, од каде што зрачи среќата на универзумот„, се обрати Раде Силјан со зборовите на големиот кинески поет Лу Јуан.
Манифестацијата се одржува во рамки на „Меѓународната година на зближување на културите“./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

