Свет
Градежната контрола загубена во децентрализацијата
Нема институција што во иднина ќе биде ефикасна и моќна за да спречува изградба на објекти без дозвола, стравуваат актуелни инспектори за градежништво и урбанизам.
Мирче Котевски
Нема институција што во иднина ќе биде ефикасна и моќна за да спречува изградба на објекти без дозвола, стравуваат актуелни инспектори за градежништво и урбанизам. Со новиот Закон за градба од почетокот на месецов нивните надлежности преминаа под управа на градоначалниците што треба да им ги распоредуваат работните задачи. До завршување на целата постапка на преземање на надлежноста тие нема да примаат пријави за нелегални градби, а ќе бидат спречени да ги вршат редовните контроли на терен.
„Време“ го има известувањето што актуелниот директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Зоран Трошански минатата недела им го испратил на подрачните единици на инспекторатот. Таму пишува дека нивните надлежности од 1 јули преминуваат во надлежност на општините. Трошански, како што пишува во информацијата, побарал инспекторите да им „укажат на странките“ да ги доставуваат своите барања до општините, а не до државниот инспекторат.
– Не знаеме дали е ова само ненамерен пропуст на некој во Министерството или смислена акција за да се добие еден вакуум период без инспекциски контроли. Тоа може да и овозможи на секој што ќе му текне слободно да си гради онаму каде што сака, без документација и без да ги плати комуналиите и другите давачки кон државата – велат инспектори кои инсистираат на анонимност.
Тие не веруваат дека трансферот на надлежностите ќе ја зајакне борбата против никнување на дивоградбите. Како што велат, општините не се подготвени да ги извршуваат нивните основни функции, а камоли по експресна постапка да назначуваат општински градежни инспектори. Околу 30 помали општини извесно е дека ќе останат без надзорници за урбанизам, но доколку има потреба тие ќе имаат законска можност да ги ангажираат оние од соседните поголемите единици на локална самоуправа.
Министерството за транспорт и врски, велат познавачите, требало навреме да реагира и да го заврши примопредавањето на дел од своите надлежности кај општините пред официјалниот почеток на децентрализацијата (1 јули), а не тогаш да ја почнува постапката на преземање на вработените. Некои се убедени дека додека се завршат формалностите може да се парализира контролата врз градбите за повеќе од половина година.
– Точно е дека им испративме известување, што беше обврска на инспекторатот согласно со Законот за градба. Вкупно 54 инспектори од државниот инспекторат преминуваат во надлежност на локалната самоуправа, а нивното преземање треба да биде завршено најдоцна до крајот на неделава, а во тој период нема никој да почне нелегално да гради – вели Трошански.
Според новите надлежности Државниот инспекторат ќе биде надлежен да контролира градби од прва и од втора категорија, односно објекти од јавен интерес во кои влегуваат од автопат до нуклеарна централа. Контролата врз изградбата на куќи и станбени згради, пак, ја презема локалната самоуправа.
– Не е точно дека со преземањето на надлежностите градежните инспектори ќе немаат можност да контролираат. Ние сметаме дека само така ќе може да се зголеми нивната ефикасност и контрола на теренот. Но државниот инспекторат е овластен и по трансферот, да врши контрола врз работата на локалните инспектори. Исто така, ќе има и овластување на градоначалниците да им ги одзема надлежностите врз локалните инспектори за градежништво и урбанизам, доколку утврди дека општинарите не постапувале по одредени барања – објасни Трошански.
Отсега, сите пријави што ќе стигнат од граѓаните на адреса на Државниот инспекторат, тој ќе ги препраќа кај општините.
ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ
Легализацијата на „Шпанско Село“ е беззаконие
Градоначалниците на градот Скопје, на општините Центар, Карпош и Гази Баба, како и министрите за животна средина и за транспорт и врски, да имаат предвид дека легализирањето на неправно изградените објекти, или неправно одобрените за градба објекти, претставуваат озаконување на неправото, а тие што ќе го сторат тоа – стануваат и самите починители на неправо, предупреди Хелсиншкиот комитет во отвореното писмо до овие институции.
„Со одолжувањето на спроведувањето на донесените решенија за уривање на објектите изградени надвор од подрачјето предвидено за изградба врз основа на Деталниот урбанистички план на градот Скопје (во просторот кој е дел од паркот Водно) и со евентуалното легализирање на овие објекти (изнесено во изјавите и најавите дадени од страна на градоначалникот на општина Карпош, градоначалникот на градот Скопје и министерот за урбанизам), се повредуваат и загрозуваат редица базични човекови права гарантирани со Уставот. Имајќи ги предвид и случаите каде што се во тек изградби, било легални било дивоградби, во Гази Баба и Градскиот парк, се создава корпус од сродни случаи што ја загрозуваат животната средина, а преку тоа и здравјето на граѓаните на Скопје“, се наведува во отвореното писмо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

