Македонија
СДСМ нема да присуствува на Централната манифестација на 8 септември
Социјалдемократите нема да бидат дел од Централната манифестација за одбележување на државниот празник 8 Септември на плоштадот во Скопје, бидејќи сметаат дека тоа е обид на премиерот Никола Груевски за сопствена промоција и за величење на проектот Скопје 2014.
Социјалдемократите нема да бидат дел од Централната манифестација за одбележување на државниот празник 8 Септември на плоштадот во Скопје, бидејќи сметаат дека тоа е обид на премиерот Никола Груевски за сопствена промоција и за величење на проектот Скопје 2014.
„Таа претставува обид на Никола Груевски за сопствена промоција и за величење на проектот Скопје 2014, за кој во изминативе години има длабока поделба во општеството. Тој не може да биде точка на обединување. Скопје 2014 во ниту една анкета не ја добива поддршката на граѓаните и служи за потсмев во меѓународната заедница“, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Според него политички цинизам е намерата на власта да ја премести Декларацијата за независноста на државата од Собранието, во музејот на ВМРО.
„Местото на овој документ е во Собранието, а по 50 години од неговото донесување треба да биде депониран во Архивот на Македонија, согласно постоечките законските прописи. За жал вчера министерката за култура не соопшти колку ќе чини прославата. Оттука фактот што оваа прослава ја организираат тајно, само тројца луѓе околу министерката, прави наместо достојна прослава на 20 години од независноста, власта да организира прослава на тоталитаризмот“, додаде Петров.
Најави дека СДСМ ќе присуствува на сите оние настани кои како што рече се логичен дел од прославата на еден ваков јубилеј, Свечената седница во Собранието на Македонија, Свечената академија во МНТ, на средбите во организација на Премиерот и Претседателот на Собранието со поранешни носители на функции во државата, на локални настани во прилог на јубилејот.
За овој голем настан, оваа година, од СДСМ забележуваат дека за жал не е формиран Одбор за одбележување, пракса која како што посочи Петров е втемелена во државата. „Наместо тоа, вчера на прес конференција на Министерството за култура јавноста ја слушна програмата за настанот. За ваков јубилеј, тоа е недозволено! За празникот кој треба да не обединува сите, независно од политичката, верска или национална припадност, не можеме да градиме национално единство со игнорирање на различното мислење“, рече Петров.
Во врска со организирањето на некакви паралелни прослави и манифестации, Петров рече дека тоа нема да се случи.
„СДСМ нема да даде ни најмала причина за делби на народот на партиска основа и нема да организира никакви паралелни манифестации и прослави, кои дополнително ќе ги делат граѓаните“, нагласи генералниот секретар на партијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата
Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од трагичното загинување на единаесетте припадници на Армијата, кои ги загубија своите животи враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Почит на загинатите припадници на Армија им оддадоа делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од Командата за операции, 1.пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ, од општината Петровец и членовите на семејствата.
Во таа пригода, министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дена на местото на оваа голема трагедија оддаваме почит кон македонските херои заедно со членовите на нивните семејства, херои кои никогаш нема да бидат заборавени.
Претходно во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, на спомен обележјето пред командата на воздухопловниот ВИНГ со полагање свежо цвеќе беше оддадена почит од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ.
Почит кон единаесетте загинати македонски припадници ќе биде оддадена и во меморијалниот парк во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде што нашите припадници беа дел од мисијата АЛТЕА.
Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
Македонија
(Фото) Орце Ѓорѓиевски: 24/7 во служба на мојот народ
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата.
Механизацијата во огромен број е распоредена на сите улици на територијата на општината, а се интервенира и во делот на паднатите гранки и дрвја како последица на снежното невреме.
Како што информираат од општината, активно се работи веќе 10 часа, а екипите ќе продолжат во текот на целиот ден и нема да дозволат граѓаните да бидат попречени во извршувањето на своите активности.
-Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено! – истакна Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари
Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите: Битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла. Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче. Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност“, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, од СДСМ обвинија за лошо справување со последиците од снежните врнежи.
„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.