Забава
Шпионски авион U-2 предизвика застој во авионскиот сообраќај во САД
Информатички проблем во центарот за контрола на летањето во Лос Анџелес предизвика големо пореметување на авионскиот сообраќај минатата среда во југозападниот дел на САД, а го предизвикал шпионски авион од типот „U-2″, пишуваат во понеделникот американските медиуми.
Леталото конципирано во 1950-те години чии триесетина примероци и натаму ги користат американските воздухопловни сили, летало според планот на летот кој бил префрлен во неточен информатички код во системот на контролата на летањето, објавија телевизиската мрежа BC News и весникот The Wall Street Journal.
Овој инцидент предизвикал низа проблеми, разни центри на контролата не можеле повеќе да ги прифаќаат авионите кои минуваат низ воздушниот простор за кој тие се одговорни, што предизвикало преоптоварување на информатичкиот систем, кој згаснал.
Сојузната воздухопловна агенција (FAA) одредила двочасовно сопирање на полетувањата и слетувањата во меѓународниот аеродром во Лос Анџелес и на сите аеродроми во јужна Калифорнија, што опфатило вкупно 500 комерцијални летови.
На авионите кои биле во лет и близу локациите им било одобрено слетувањето, а некои биле скршнати од маршрутата, навеле од FAA.
Портпаролот на Пентагон, полковникот Стив ворен во понеделникот го потврдил присуството на шпионскиот авион „U-2″ во споменатата област каде што бил на вежба.
Според The Wall Street Journal, информатичкиот „баг” настанало во новиот дел од системот на американската контрола на летањето наречен ERAM кој инаку имал повеќе технички проблеми и висока цена во текот на неговиот развој.
Аеродромот во Лос Анџелес е третиот според фреквенцијата на летовите во САД, а низ неа минатата 2013 година минале 66 милиони патници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

