Македонија
Попоски пред Фуле и Малстром: Да се сочува кредибилитетот на проширувањето
Потребно е да се сочува кредибилитетот на процесот на проширување, а во случајот на Македонија да се примени принципот на заслуги како основа за напредок во пристапниот процес.
Потребно е да се сочува кредибилитетот на процесот на проширување, а во случајот на Македонија да се примени принципот на заслуги како основа за напредок во пристапниот процес.
Вакво барање шефот на дипломатијата Никола Попоски упатил на денешните средби со еврокомесарите за проширување и за внатрешни работи, Штефан Фуле и Сесилија Малстром.
Искажувајќи уважување за дадените препораки на Европската Комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија, Попоски ја истакнал заложбата за што поскоро донесување на одлуката на Советот.
„Потребно е да се сочува кредибилитетот на процесот на проширување и во случајот на Македонија, односно принципот на заслуги на секоја земја – кандидат да биде основа за напредок во пристапниот процес“, порачал Попоски на средбите, информираат од МНР.
На средбата со комесарот Филе, на која учествуваше и вицепремиерот Теута Арифи биле разменети мислења за претстојниот Пристапен дијалог на високо ниво меѓу Владата на Македонија и Европската комисија. При тоа била истакната заемна заложба фокусот на дијалогот да биде ставен на следење на реализацијата на реформите во клучните области на правосудството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, како и спроведувањето на економските критериуми за членство во ЕУ.
Во фокусот на разговорот со комесарот Малмстром бил постигнатиот напредок на Македонија во подрачјето правда, слобода и безбедност во функција на подготовка за пристапниот преговарачки процес. Поглавјето 24 (правда, слобода и безбедност) заедно со поглавјето 23 (правосудство и фундаментални права) ќе бидат првите отворени поглавја за скрининг и пристапни преговори согласно новиот пристап на Европската комисија за проширувањето.
Министерот Попоски ги презентирал тековните активности во областите миграција, азил, гранично управување, борбата против организираниот криминал и полициските реформи. Се разговарало и за ефектите од мерките кои ги презема Македонија за справување со појавата на неосновани баратели на азил во земјите на ЕУ.
„Моментално трендот на баратели на азил е во опаѓање, а за негово сузбивање ќе се продолжи со кампањите за подигнување на јавната свест, социо-економските мерки за подобрување на животните услови на ранливите групи на население, со зајакнати контроли на граничните премини и блиска соработка со засегнатите земји членки“, соопштуваат од МНР.
Комесарот Малмстром ги поздравила напорите на Македонија во пристапниот процес и напреднатото ниво на усогласеност со правото на ЕУ во поглавјето правда, слобода и безбедност. Генералниот директорат за внатрешни работи останува подготвен за зајакната соработка и дијалог со надлежните служби во Македонија за натамошно спроведување на реформите во оваа клучна област од пристапниот процес. Ги поздрави активностите за намалување на појавата на баратели на азил и препорача мерките да продолжат со несмален интензитет, особено оние за подобрување на социо-економските услови за живеење. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

