Свет
Шест силни експлозии одекнаа околу Триполи

Шест сили експлозии одекнаа рано изутрина и во текот изминатата ноќ во близина на Триполи, кој го надлетуваа авиони
АFP пренесува дека рано изутрината се слушнале четири експлозии во Триполи, а две експлозии доцна синоќа во областа источно од престолнината на Либија.Во четвртокот изутрината во воздушни напади на НАТО , во Триполи беше погоден и резидентскиот комплекс на Муамер Гадафи при што загинаа три лица , меѓу кои и двајца новинари.Според официјалните податоци во тие напади беа ранети и 27 лица.НАТО вчера потврди дека нападите во последните три дена предизвикале видно вознемирување меѓу силите лојални на Гадафи,.По сомнежите кои ги изнесе италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини, дека Гадафи е можеби ранет или во бекство,лидерот Гадафи во аудио снимка порача дека НАТО бомбардирањата нема да го стигнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин е единствената личност што стои на патот на мировниот предлог поддржан од САД и Европа.
„Единственото нешто што претседателот Путин треба да го направи е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, објави АФП.
„Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.
Макрон рече дека Украинците сакаат да чујат само едно: дали Путин се согласува на безусловно примирје? Тој нагласи дека „ако Путин каже „да“, оружјето би можело да замолкне утре и да се спасат животи“.
„Американскиот гнев треба да биде насочен само кон едно лице – претседателот Путин“, заклучи Макрон.
Вчера, Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека го отфрла мирот и рече дека може „да избере помеѓу мир и уште три години војна“, додека утрово му рече на Путин: „Владимир, престани! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.
Свет
Трамп: Ако нема договор, ќе воведеме царини за две до три недели

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе почне да воведува царини за земјите што нема да постигнат трговски договори со САД во рок од „две до три недели“.
На прес-конференцијата одржана во Овалната соба, Трамп рече дека очекува САД да постигнат „одлични договори“ за време на тековните преговори. „Ако не постигнеме договор со компанија или земја, ќе воведеме царина“, рече Трамп.
Тој додаде дека неговата администрација досега разговарала за трговски договори со 90 земји. „Тоа ќе се случи, би рекол, во следните неколку недели, што велите вие? Мислам дека да, за две или три недели. Ќе ставиме бројка за тоа“, рече тој.
На 2 април, ден што го нарече Ден на ослободувањето, Трамп објави основна царина од 10 проценти за стоки од сите земји. Но, некои региони, како што се Европската Унија со царина од 20 проценти и Виетнам со 46 проценти, би се соочиле со уште повисоки царини.
Сепак, на 9 април, тој најави 90-дневно одложување на овие „реципрочни“ царини. Тој рече дека повеќето земји ќе бидат погодени со царини од 10 проценти. Во објава на социјалната мрежа Truth Social истиот ден, Трамп рече дека ја наметнува оваа пауза бидејќи повеќе од 75 земји им се обратиле на САД за да започнат преговори и ниту една од нив не одговорила со контрамерки.
Сепак, Кина не доби иста понуда. САД сега имаат царина од 145 проценти за кинеските производи, додека Кина возврати со царина од 125 проценти за американските производи.
Трамп ги користи царините како алатка за преговори уште од самиот почеток. На 3 април, тој изјави дека би бил спремен да ги намали царините за земјите што им нудат на САД „нешто феноменално“, анализираат светските медиуми.
Свет
„Блумберг“: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има сопствена армија

САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има сопствена армија и одбранбена индустрија како дел од мировниот договор меѓу Москва и Киев, објави „Блумберг“, повикувајќи се на добро информирани извори.
Се очекува американскиот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, да го покрене прашањето со рускиот претседател Владимир Путин за време на нивниот следен состанок, според неименувани извори. Согласувањето Киев да има соодветно опремена војска и армија, како што бараат Украина и нејзините европски сојузници, би значело дека Путин ќе мора да се откаже од својата цел за демилитаризација на Украина, што е една од неговите главни воени цели, споредн написите.
Тоа е знак дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара одредени отстапки од Кремљ, како и од Украина, додека се обидува да ја заврши војната, која сега е во својата четврта година, соопшти американската агенција, истакнувајќи дека американските предлози досега беа поповолни за Русија, вклучително и инсистирањето на Вашингтон, Украина да се откаже од своите аспирации за приклучување во НАТО.
Администрацијата на Трамп, исто така, сака Москва да ја врати нуклеарната централа Запорожје во Украина, која ја зазеде при раната инвазија на својот сосед во 2022 година.
Потоа, фабриката би паднала под контрола на САД, наведуваат изворите, додавајќи дека деталите за плановите сè уште не се финализирани и може да се променат. САД, исто така, сакаат да обезбедат Украина да има премин преку реката Днепар и дека земјата окупирана од Русија во Харковскиот регион ќе биде вратена, според медиумот.
Путин побара признавање на целиот Лугански, Запорожски, Донецкски и Херсонски регион, иако не успеа целосно да ги окупира, според Блумберг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денес ја прекина посетата на Јужна Африка, по нападот врз Киев во кој загинаа најмалку 12 лица, им рече на новинарите дека „не можеме да зборуваме за црвени линии без безусловно примирје“. На состанокот во Париз минатата недела, тимот на Трамп им презентираше на Европа и Украина предлог за прекин на војната, со кој САД би го признале украинскиот регион Крим како руски, а воедно би ги замрзнале повеќето други окупирани територии долж сегашните бојни линии, оставајќи ги под контрола на Москва, објави Блумберг.
„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Не е потребно и е многу лошо време. Владимир, престани! 5.000 војници умираат неделно. Да завршиме со мировниот договор!“ Трамп напиша во објава на неговата социјална мрежа „Вистина“.