Македонија
СДСМ бара оставки поради негрижата за културното наследство
Советот за култура на СДСМ реагира на како што велат, негрижа за културното наследство и бара одговорност од највисоките структури во Министерството на култура и Управата за културно наследство.
Тие апелираат до Управата да изработи итен план за санација и конзервација на најзагрозените објекти и споменици на културата и безусловно да го спроведе.
„Пожарите во манастирите, кражбите на икони,оставањето без реставрација и конзервација на најзначајните споменици на светското културно наследство кое го поседува Македонија само укажува на неспособноста на Министерството на култура и Управата за културно наследство да го заштити она што претставува базичен дел од нашиот културен идентитет“ се вели во реакцијата на Советот за култура на СДСМ.
Според нив, надлежните државни и црковни институции не смеат грижата за културното наследство во македонските манастири да ја остават единствено на личната жртва на монасите, на домаќините и на другите лица што случајно ќе се затекнат во црковните конаци.
„Со овој немарен однос беше загрозен Манастирот Трескавец, изграден во 13 век и со фрески датирани во 14 век. Во манастирот постојат две крила од врата во плитка резба и кралски двери датирани во 16 век. Значајни се иконите со претстави на Апостолите од 17 и 18 век“ додаваат од СДСМ.
Оттаму потсетуваат дека пред само дваесет дена, во друг пожар беше пеплосан и неповратно уништен муралот, ремек-дело на еден од основоположниците на македонската современа уметност Борко Лазески./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 32.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.