Свет
Регионални избори во Австрија
Граѓаните на австријската покраина Бургенланд денеска на избори ќе гласаат за претставници во регионалниот парламент.
Граѓаните на австријската покраина Бургенланд денеска на избори ќе гласаат за претставници во регионалниот парламент,
Според анкетите, се очекува Социјал-Демократската партија да освои околу 50 отсто од гласовите, Австриската Народна Партија околу 38 отсто, додека Партијата на слободата и Зелената партија се очекува да одвојат седум, односно пет отсто од гласовите.
Право на глас имаат околу 250.000 жители на Бургенланд. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Крит.
Епицентарот на земјотресот бил на самиот источен раб на овој остров.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
(Видео) Инцидент со уште еден авион на „Боинг“: принудно слетал во Норвешка поради проблеми со моторот
Авион на холандската авиокомпанија „КЛМ“ принудно слета во Норвешка откако имал проблеми со моторот за време на летот, но немало повредени, соопшти норвешката полиција.
Во соопштението се наведува дека Боингот 737, кој летал од Осло за Амстердам, принудно слетал синоќа во јужна Норвешка по технички дефект што се случил непосредно по полетувањето.
KLM 737-800 Skids Off Runway at Oslo Torp After Hydraulic Failure
– Bart Noëth #aviation https://t.co/9HkJ1zi21Nhttps://t.co/XafsWjG0fm— Aerospace News by HYPE (@HypeAviation) December 29, 2024
Сите 182 лица во авионот, вклучително и екипажот, не се повредени, објави „НЛ Тајмс“.
Локалните медиуми јавија дека пилотите забележале чадење од левиот мотор.
Video shows KLM flight #KL1204 skidding off the runway after an emergency landing at Torp Airport. The Boeing 737-800 (PH-BXM) was en route from Oslo to Amsterdam when it experienced a hydraulic failure. Thankfully, no injuries were reported.
Video @mackjacklar#BreakingNews… https://t.co/5OE4h79YSV pic.twitter.com/JPxxkM3zuL— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
Откако авионот безбедно слетал, патниците ракоплескале.
#BreakingNews: KLM Flight #KL1204 Skids Off Runway After Emergency Landing at Torp Airport,Norway 🇳🇴
A KLM Boeing 737-800 (#PHBXM) operating flight KL1204 from Oslo to Amsterdam faced a harrowing emergency landing on December 28, 2024. Shortly after takeoff at 18:00 CET, the… pic.twitter.com/HZWwluQwCi
— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
По инцидентот, почна истрага за причините за инцидентот.
Во меѓувреме, авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, кога Боинг 737-800 се обиде да слета на трупот. Авионот се излизгал по пистата, а потоа удрил во ѕид и експлодирал. Според последните информации загинаа 176 лица, а спасени се двајца членови на екипажот. Истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион може да трае и до три години.
Свет
Стјуардесата која ја преживеа несреќата во Јужна Кореја: „Причината веројатно е судир со птица“
Претпоставувам дека причината за несреќата е судир со птица, изјави едната од двајцата спасени членови на екипажот за локалните медиуми, додека потврдениот број на загинати расте и веќе е над 160 лица.
„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.
Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), изјавил дека не се сеќава на околностите на несреќата.
На преглед кај лекар во болницата, тој наводно прашал: „Како завршив овде?
„Го носев безбедносниот појас пред слетувањето, се чувствував како авионот да ќе слета, но после тоа не се сеќавам на ништо“, додаде.
Според весникот Aju Business Daily, Ли се здобил со фрактура на левото рамо и повреди на главата.
Двајцата преживеани се во болница на лекарска помош.