Контакт

Македонија

Стечајната постапка е значајна за подобрување на бизнис климата во Македонија

Објавено пред

Стечајната постапка е значајна за подобрување на бизнис климата во Република Македонија, затоа што со неа се затвора кругот што значи влегување и излегување во и од бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Ова беше истакнато, меѓу другото, на денешната тркалезна маса на тема ,„Кривичните аспекти на работењето на трговските друштва, тргувањето со хартии од вредност и стечајната постапка“.

Tркалезна маса беше во организација на н Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и Министерството за правда, а со поддршка на УСАИД – Проектот за деловно опкружување се одржува во Скопје. Министерот за правда Михајло Маневски во своето обраќање рече дека денешната работилница треба да овозможи размена на искуства, детектирање на проблемите, како и оценување на потребите за организирање идни обуки од оваа област, а се со цел да се подобри бизнис климата во Македонија, да се врати довербата кај инвеститорите дека во случај на стечај ќе има ефикасна постапка и оти таа нема да биде предизвикана со лажни стечаи и со несовесно работење.„Имајќи предвид дека стечајната постапка е итна, стечајните совети и судиите треба да ги преземаат сите дејствија кои им стојат на располагање согласно Законот за стечај, вклучувајќи ги оние мерки што ги пропишува Законот, а тоа се стечајниот судија на должникот да му определи и мерка стечаен притвор кој трае 30 дена, па и во некои случаи 60 дена“, рече Маневски.Тие мерки, како што додаде министерот, за жал, стечајните судии многу малку ги применуваат иако според постапките што се спроведуваат по повеќе години се должат и на смислено одолговлекување, недоставување докази, ненавремено отповикување на поканата на судовите и.т.н.Министерот за правда посочи дека во последниот период за 39 проценти е намален бројот на стечајните предмети во судовите. – Ако на крајот во 2006 имало 2.300, на крајот на март оваа година тој број изнесувал околу 1.400 предмети, а тоа е околу 880 предмети помалку, што значи дека судовите ги решаваат заостанатите стечајни предмети, истакна Маневски. Во контекст на тоа, тој посочи четири судови кои имаат најголем број стечајни предмети, меѓу кои и Основниот суд Скопје 2, Основниот суд Битола и Основниот суд Струмица. Во овие судови, како што рече Маневски, има 69 отсто од сите нерешени стечајни предмети во Република Македонија.Со измените во Кривичниот законик, како што нагласи Маневски, се препишуваат нови мерки кои се однесуваат на правните лица, односно забрана на правно лице да врши определена дејност и забрана на правно лице да основа ново правно лице.„Со новите мерки кои ги предвидуваат измените на Кривичниот законик може да се изрече мерка забрана на основање ново правно лице на оние субјекти кои така постапуваат затоа што на тој начин се оштетуваат граѓаните, доверителите, а тоа не е во духот на создавање на бизнис климата и не е во духот на враќање на довербата“, рече министерот за правда.Според него, со мерките кои се преземаат за ефикасно спроведување на стечајната постапка ќе се оневозможи криминал и корупција во овие постапки, а тоа ќе се направи и со добра соработка помеѓу институциите, односно помеѓу стечајниот судија, стечајниот совет, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, МВР и Јавното обвинителство.Според министерот за економија Фатмир Бесими, стечајната постапка е многу значајна од аспект на деловната клима во Македонија, затоа што со неа се затвора кругот што значи влегување и излегување во и од бизнисот. – Ова е значајно затоа што со оваа мерка се штитат доверителите, а тие се значајни субјекти во економската активност. И токму затоа треба да се прати јасен сигнал дека нивните интереси се заштитени. На тој начин ќе пратиме јасен сигнал за добра бизнис клима и оти има простор за нејзино подобрување, рече Бесими.Тој ги посочи извештаите на Светска банка за бизнис климата, каде Македонија, како што рече, има исклучително добри резултати, односно се наоѓа на 12-то место на светско ниво од вкупно 190 земји.Бесими нагласи дека во иднина очекува со една јасна дефинирана и координирана активност на надлежните институции решавањето на стечајните постапки да се подобри и да биде поефикасно, со точно утврдена одговорност на сите институции.Министерството за економија во тој дел, како што додаде Бесими, лиценцира обуки за стечајните управници, а во овој период има одземено и лиценци на оние кои согласно законот не ги исполнуваат условите. – Министерството за економија досега има одземено лиценци на десеттина стечајни управници кои согласно законот не ги исполнуваат условите, а тоа е јасен сиглал за сите кои се вклучени во оваа постапка, затоа што на тој начин ќе се подобри бизнис климата во Републиката, додаде министерот Бесими.На тркалезната маса, покрај судии и јавни обвинители, присуствуваа и претставници на Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Управата за Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Комората на стечајни управници и Државно правобранителство на Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче

Објавено пред

Од

Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.

dobivaj vesti na viber

„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.

Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.

„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.

Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел

Објавено пред

Од

Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата

Објавено пред

Од

Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.

Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.

„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија1 час

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ1 час

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија1 час

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет3 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет5 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет5 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет5 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет6 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа6 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија16 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет16 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет19 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет19 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија23 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет1 ден

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...