Контакт

Вести

Русија презентира наводни докази дека Турција е главен купец на нафта на IS

Објавено пред

Руското министерство за одбрана објави во средата дека поседува наводни докази дека Турција е главниот купувач на нафта од терористичката организација (IS) и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговото семејство се вмешани во бизниси со споменатата милитантна групација.

dobivaj vesti na viber

Функционери на руското министерство за одбрана на брифингот со домашните и странските новинари во Москва како докази презентирале сателитски снимки за кои тврдат дека прикажуваат колони од цистерни кои се полнат со нафта на постројки кои ги контролира Исламската држава во Сирија и во Ирак и ја минуваат границата кон соседна Турција.

Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во турска Анталија на другите челници им ги презентираше таквите снимки за кои рече дека се снимени од височина од 5.000 метри.

„Турција е главниот потрошувач на нафтата украдена од легитимните власти во Сирија и во Ирак. Според доказите коишто ги имаме, водството на земјата, вклучително и претседателот Ердоган и неговото семејство, се вклучени во оваа злосторничка работа“, изјавил заменикот руски министер за одбрана, Анатолиј Антонов порачувајќи дека руската авијација и натаму ќе продолжи со бомбардирањата на нафтената индустрија на Исламската држава во Сирија.

Експертите на ОН пред една година оценија дека Исламската држава од продажбата на нафтата заработува меѓу 850.000 и 1,65 милиони долари на ден. Меѓутоа, според Антонов претходно добивките на Исламската држава од нафтата изнесувале 3 милиони долари дневно, а приходот од илегалната продажба на нафта годишно изнесува најмалку 2 милијарди долари.

„Во регионот дејствува заеднички тим од бандити, турската елита за кражба на нафтата од соседите. Станува збор за огромни количества, на индустриско ниво и со илјадници цистерни се извезува на територијата на Турција“, додал Антонов.

Според руското министерство за одбрана постојат три главни правци за транспорт на нафтата од Ирак и Сирија на територијата на Турција.

„Идентификувани се три главни маршрути за транспортирање нафта на територијата на Турција под контрола на бандитските групи на Исламската држава“, рекол началникот на операциите во Сирија, Сергеј Рудској,

Генералот рекол дека станува збор за западен, северен и источен правец за шверцување на нафтата. Од нив, ткн Западната рута доаѓа од турските пристаништа на Средоземното Море, Северната рута води до рафинеријата Батман во Турција, а Источната е најголемата база за претовар во местото Џизра.

„По западната маршрута дериватите добиени од нафтоносните полиња во регионот на градот Рака (главното упориште на ткн “калифат на Исламската држава – з.р.) со цистерни, претежно навечер, се транспортираат до северозападните делови на Сирија. Натаму преку пограничните места Азаз (во Сирија) и Рејханли (во Турција), до турските пристаништа Дертијол и Искендерун“, појаснил Рудскот покажувајќи сателитска фотографија за којашто тврдел дека е снимена на 13-ти ноември во областа на градот Азас.

„Дел од нафтата се преточува на бродови и се испраќа за преработка надвор од Турција, а дел се продава на внатрешниот пазар. Дневно низ овие пристаништа во просек се товари по еден танкер“, прецизирал началникот на рускиот генералштаб за воздушните операции во Сирија. Притоа презентирал сателитска снимка датирана со 25-ти ноември од пристаништата Дартијол и Искендерун, на коишто според него се прикажани колони цистерни кои чекаат да бидат истоварени.

Другата маршрута, рекол Рудској, води во Турција од областите на нафтените полиња кои се наоѓаат на десниот брег од реката Еуфрат. Еден од најголемите центри за производство и преработка на нафта, кој се наоѓа под контрола на Исламската држава е регионот на градот Деир-ез-Зор.

„Таму има голем број рафинерии, од која една гледате на екраните“, рекол Рудској претставувајќи други снимки. „Во тој регион постојано се забележува концентрирање на цистерни кои треба да бидат товарени. Претставени ви се снимки од камионски конвои, кои се на кусо растојание“, додал.

Третата маршрута по којашто се превезува нафта украдена од џихадистите во Турција води од нафтоносните полиња во североисточна Сирија и во северозападните региони на Ирак, преку пограничните места Кара-Чох, Чам-Ханик на сириската територија и Таван и Захо, на територијата на Ирак.

„Снимките прикажуваат цистерни и други товарни возила во областа на споменатите места. На 28-ми ноември во областа на Кара-Чох на територијата на препумпната станица се регистрирани околу 50 цистерни со нафта“, додал рускиот генерал.

Според Рудској, проверката направена на 14-ти ноември во областа на ирачките градови Таван и Захо овозможила да се откријат над 1.100 камион и други возила за превоз на нафта./крај/мф/сн

Извор: ТАСС

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет7 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија8 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија8 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија9 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ13 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија14 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ14 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија14 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија15 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија16 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија17 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет17 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа18 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа19 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа19 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија2 дена

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...