Свет
Кина против амандманите на американскиот Сенат за спорните острови
Кина во понеделникот изрази „решително противење“ на амандманот што го изгласа американскиот Сенат признавајќи ја јапонската надлежност на архипелагот Сенкаку (Дјаојујидао – на кинески).
Амандманот содржан во нацрт законот кој се однесува на националната одбрана на САД, меѓутоа не зазема став за суверенитетот над архипелагот кој се наоѓа во Источнокинеското Море.
„Кона изразува голема загриженост и решително спротиставување на амандманот на американскиот Сенат“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи на редовниот брифинг со новинарите.
„Островите Дјаојујидао и блиските острови се интегрален дел од Кина од прастари времиња. Кина над има неоспорен суверенитет“, рекол портпаролот Хонг.
Навел притоа дека Пекинг не сака прашањето на спорните острови да влезе во рамките на јапонско-американскиот договор за безбедност, кој Токио и Вашингтон сакаат да го прошират соочени со зголемувањето на кинеската воена моќ во регионот.
„Јапонско-американскиот договор за безбедност е производ на Студената војна и не би смеел да излегува од билатералните рамки или да поткопува интереси на трета страна“, изјавил кинескиот портпарол./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

