Економија
Русија ќе го стимулира купувањето на нови автомобили

Русија започна да спроведува програма за поттикнување на замена на старите автомобили со нови, со цел давање поддршка на руската индустрија за автомобили, што западна во тешка состојба.
Русија започна да спроведува програма за поттикнување на замена на старите автомобили со нови, со цел давање поддршка на руската индустрија за автомобили, што западна во тешка состојба.Сите граѓани кои ќе решат до 1. ноември да го заменат возилото старо десет или повеќе години за ново, ќе добијат ваучер во вредност од 50.000 рубљи(1.680 долари) за купување на ново возило доколку тоа е произведено во Русија.Властите очекуваат да продадат најмалку 200.000 нови возила, а за спроведување на програмата се издвоени вкупно околу 368 милиони долари.Програмата е покрената откако руската влада на 4. март ја усвои предлог стратегијата според која до 2020. има намера во автоиндустријата да вложи најмалку 1.200 милијарди рубљи.Руските производители на возила веќе подолго време ги трпат негативните последици од недостатокот на инвестиции. Потрошувачите досега повеќе купуваа странски, отколку домашни модели. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.