Свет
Серија експлозии во Багдад, десетина загинати
Серија експлозии го потресоа галвнито град на Ирак во недела наутро, во кои најмалку десет лица загинале а најмалку 40 се повредени, пренесе Reuters повикувајќи се на извори во ирачкото министерство за внатрешни работи
Еден од терористичките напади се случил на плоштадот Аден во реонот Кадимија во северо-источен Багдад, а вториот во реонот Мансур на запад од ирачката престолнина. Според првичните информации, експлозиите се предизвикани со активирање на автомобили бомби.Според последните информации од болнички извори, хоспитализирани биле 48 лица повредени во нападите. Последниот поголем напад во Багдад се случи на 5-ти септември, исто така во недела, кога во напад изведен со автомобил бомба врз зградата во која во времето на режимот на диктаторот Садам Хусеин се наоѓаше министерството за одбрана, загинаа 29 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египетскиот претседател го поздрави прекинот на огнот и договорот за заложниците
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси го поздрави договорот за прекин на огнот и ослободување на заложници што неговата земја го помогна заедно со посредство на Катар и Соединетите држави.
Тој ја истакна потребата да се забрза непречената испорака на хуманитарна помош во Газа „додека не се постигне одржлив мир преку решението за две држави и регионот да ужива стабилност, безбедност и развој во свет кој е доволно голем за секого“, пренесе „Си-ен-ен“.
Договорот кој е во три фази ќе стартува в недела, на 19 јануари, соопшти претходно катарскиот премиер.
Првата фаза од договорот ќе вклучува ослободување на 33 израелски затвореници, вклучувајќи жени, деца, постари лица и цивили кои се ранети или болни. За возврат, Израел ќе ослободи одреден број затвореници кои се чуваат во израелските затвори.
Фазата ќе вклучува враќање на раселените лица во нивните домови и ќе овозможи патување на ранетите и болните лица за да добијат медицинска помош.
Првата фаза ќе обезбеди и зголемен пристап до хуманитарна и друга помош до сите делови на Појасот Газа, како и реконструкција на болници, здравствени центри и пекари. Исто така, ќе се овозможи влез на гориво, опрема за цивилна заштита и основни потреби за раселените лица кои ги загубија своите домови за време на војната.
Претседателот на САД, Џо Бајден, пак, соопшти дека преговорите ќе одат подалеку од привремениот прекин на огнот до втората фаза од договорот што може да вклучи траен крај на војната.
„Во текот на следните шест недели, Израел ќе преговара за втората фаза, што е траен крај на војната. Дозволете ми да повторам: крај на војната“, рече Бајден.
„Постојат голем број детали за преговарање, за преминување од првата фаза во втората фаза. Но според планот ако преговорите траат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе продолжи се додека траат преговорите“, додаде тој.
Бајден, исто така, потврди дека Американците ќе бидат дел од ослободувањето на заложници во првата фаза.
Во потенцијалната трета фаза од договорот, телата на убиените заложници ќе бидат вратени на нивните семејства и ќе започне голем план за реконструкција на Газа, рече Бајден.
Свет
Бајден: Втората фаза од договорот меѓу Ирзаел и Хамас води кон траен крај на војната
Претседателот на САД, Џо Бајден официјално го објави постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и постепеното ослободување на заложниците и палестинските затвореници.
„Ова е многу добро попладне, бидејќи конечно можам да објавам поститнување на прекин на огнот и договор за заложниците меѓу Израел и Хамас по повеќе од 15 месеци конфликт што започна со бруталниот масакр на Хезболах 7-ми октомври“, рече Бајден, погрешно наведувајќи која група го почна нападот на 7 октомври 2023 година, пренесе „Си-ен-ен“.
Тој додаде: „Повеќе од 15 месеци терор за заложниците, нивните семејства, израелскиот народ. Повеќе од 15 месеци страдање на невиниот народ во Газа. Борбите во Газа ќе престанат. И наскоро заложниците ќе се вратат дома кај нивните семејства“.
Претседателот Џо Бајден објасни дека преговорите ќе одат подалеку од привремениот прекин на огнот до втората фаза од договорот што може да вклучи траен крај на војната.
„Во текот на следните шест недели, Израел ќе преговара за втората фаза, што е траен крај на војната. Дозволете ми да повторам: траен крај на војната“, рече Бајден.
„Постојат голем број детали за преговарање, за преминување од првата фаза во втората фаза. Но според планот ако преговорите траат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе продолжи се додека траат преговорите“, додаде тој.
Бајден, исто така, потврди дека Американците ќе бидат дел од ослободувањето на заложници во првата фаза.
Според договорот, Хамас и неговите сојузнички милитантни групи се очекува да ослободат 33 израелски заложници заробени за време на нападите на 7 октомври 2023 година со што почна војната.
За возврат, Израел ќе ослободи стотици палестински затвореници и, според Бајден, „Палестинците исто така можат да се вратат во своите населби во сите области на Газа и ќе започне напливот на хуманитарна помош во Газа“.
Во потенцијалната трета фаза од договорот, телата на убиените заложници ќе бидат вратени на нивните семејства и ќе започне голем план за реконструкција на Газа, рече Бајден.
Прес-конференцијата на Бајден во Белата куќа, придружуван од потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен, започна додека премиерот на Катар потврдуваше дека е постигнат договор кој ќе стапи во сила в недела, на 19 јануари.
Свет
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер
Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари, рече тој.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, која ќе трае 42 дена, ќе вклучува ослободување на 33 израелски затвореници, вклучувајќи жени, деца, постари лица и цивили кои се ранети или болни. За возврат, Израел ќе ослободи одреден број затвореници кои се чуваат во израелските затвори, додаде тој.
Фазата ќе вклучува враќање на раселените лица во нивните домови и ќе овозможи патување на ранетите и болните лица за да добијат медицинска помош.
Првата фаза ќе обезбеди и зголемен пристап до хуманитарна и друга помош до сите делови на Појасот Газа, како и реконструкција на болници, здравствени центри и пекари. Исто така, ќе се овозможи влез на гориво, опрема за цивилна заштита и основни потреби за раселените лица кои ги загубија своите домови за време на војната.
Што се однесува до втората и третата фаза, тој рече дека деталите ќе бидат финализирани откако првата фаза ќе биде успешно имплементирана.