Македонија
Кандидатите за полициски службеници ја започнаа едногодишната обука

Обуката на новите 440 кандидати за полициски службеници кои беа избрани на конкурсот што беше објавен минатата година, а на кој се пријавија 5.503 кандидати започна во средата во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста во Идризово.
По завршувањето на проверки во кои беа предвидени тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, психо-образовни тестирања и соодветните здравствени проверки кои беа спроведени од средината на ноември до средината на декември минатата година, од вкупниот број пријавени, по принципот на рангирање, беа избрани 440 кандидати кои што во наредните месеци ќе бидат обучувани во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста во Идризово.
Од МВР соопштуваат дека кандидати потпишале Договор за основна обука за полицаец во траење од една година која започнува од 15 – ти јануари годинава.
При изборот особено се водеше сметка за националната и половата застапеност на кандидатите кои во текот на интернатската обуката ќе поминат три образовни модули – јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секој од модулите е во траење од по четири месеци при што три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука, а по еден месец практична, теренска обука. По завршената основна обука од една година, Договор за вработување со МВР потпишуваат 400 кандидати согласно ранг листа изготвена од Центарот за обука, стои во соопштението од МВР./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.
„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија. 70 проценти од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра“,рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.
„Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа“, нагласи Шукова.
Притоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.
Македонија
(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари.
Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на презентацијата на 38 возила (уште 5 дополнително ќе бидат доставени), рече дека државата е подготвена да се справи со сезоната на пожарите.
„На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се зголемени повеќекратно“, рече премиерот.
Мицкоски додаде и дека оваа недела се очекува да се врати вториот авион за гаснење пожари од сервис, додека третиот треба да пристигне до крајот на месецот или почетокот на август. Исто така, во функција се ставени и по два армиски и полициски хеликоптери.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на настанот изјави дека се работи за моќни теренски возила со пумпи и цистерни, кои веќе се оперативни.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
Ангелов порача дека ова лето „гранката нема да му треба“, истакнувајќи ја подготвеноста во споредба со минатото.
На воениот полигон Пепелиште, присуствуваа и потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, пришто беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.
Македонија
(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кои овозможиле армиски и полициски возила кои не се употребувани со години да бидат пренаменети за таа цел.
„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Тој информираше дека државата, како никогаш порано, располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.