Македонија
Одобрено логото за македонското претседателство
Комитетот на министри на Советот на Европа го одбри логото „македонско претседателство“ и покрај противењето на Грција, која побара Македонија да не го злоупотребува преседавањето со организацијата за сопствени цели
Многумина сметаат дека ова е дипломатска победа на Македонија над искусната грчка дипломатија која инсистираше претседавањето да се води под референцата ФИРОМ.Но, Советот на Европа, организација која целото свое функционирање го темели на заштита на демократијата, човековите права и владеење на правото не може да и наложи на земја-членка кое име ќе го користи. Тоа е во спротивност со нејзините основни принципи. Лингвистички „македонско претседателство“ е сосема во ред и е прифатливо за Македонија затоа што придавката се изведува од уставното име на земјата. Но, на интернет – страницата на Советот, Македонија е заведена под референцата ФИРОМ. Таму пишува дека на 11 мај во Стразбур „Поранешната југословенска република Македонија“ го презема претседателството од Швајцарија. Истиот ден, на министерска сесија министерот за надворешни работи Антонио Милошоски треба да ги претстави приоритетите на македонското претседавање:засилување на човековите права, зајакнување на интеграцијата преку почитување на различностите и промовирање на учеството на младите.Македонија ќе претседава со Комитетот на министри до ноември годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

