Македонија
Јанкулоска во Кина: Подигнување на соработката на повисоко ниво
Денешната прва посета на македонски министер за внатрешни работи на Кина е добра основа за подигнување на меѓусебната соработка на повисоко ниво, оцени кинескиот Министер за јавна безбедност Гуо Сенгкун.
Според него, посетата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доаѓа во исклучително значаен момент кога се одбележуваат 20 години од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина.
Со длабоката доверба изградена меѓу двете институции, првиот човек на кинеската полиција смета дека е создадена солидна основа за натамошно унапредување на односите, заблагодарувајќи се за помошта во неколку значајни случаи. Двајцата министри се согласија дека е неопходно формализирање на односите во правна рамка и најавија потпишување на меморандум за соработка.
Како заеднички точки на интерес беа дискутирани борбата против тероризмот и организираниот криминал, потрагите по лица, конфискацијата на имот, нелегалната трговија со наркотици и луѓе, како и криумчарењето мигранти. Заеднички заклучок беше дека размената на искуства ќе ги збогати двете полиции и дека е неопходно организирање на обуки и тренинзи. Токму продлабочувањето на соработката во областа на владеење на правото, според Јанкулоска ќе значи и креирање подобра и посигурна бизнис клима.
Посетата продолжува со посета на Специјалната полициска академија и Шангајската полиција./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

