Македонија
Бискупот Стојанов повика да се сочува надежта во тешките времиња
Имајќи го предвид и обраќањето на папата Бенедикт XVI, католичката црква овој период на голема светска економска криза го гледа како опасност по етичкиот живот на верниците, барајќи од нив свртување кон вредностите на христијанството и надежта за пребродување на тешкото време
.Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов на Велигденската воскресна литургија што во сабота вечерта се одржа во централната католичка црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје повика на зачувување на надежта и меѓусебно почитување.„Драги браќа и сестри, во велигденската тајна пред нас е таинството на Христовите страдања, смрт и Воскресение. По одот на Синот кон местото на жртвување се открива таинството на ’сокриениот почеток на светот’. Во љубовта која е дарувана се наоѓа изворно таинство и љубејќи, и ние ја сфаќаме пораката на спасението, го наоѓаме патот.Денешниот човек соочен со страдања ја губи надежта. За апостол Павле надежта не е само некој идеал или некое чуство, туку жива личност Исус Христос, Божји Син. „Живиот Бог“ е Христос воскреснатиот и присутен во светот. Тој е вистинската надеж. Христос кој живее со нас и во нас и кој не повикува да бидеме учесници во истиот негов вечен живот. Во центарот на нашето празнување е силната вера која денес повеќе од било кога треба да ја препорачаме на луѓето од наше време. Христос влезе во нашата историја, ја откупи нашата историја и ги победи нашите слабости.Во воскресното таинство дознаваме дека љубовта е темел на бесмртноста, а бесмртноста се води единствено од љубовта. Ако Христос воскресна и ние ќе воскреснеме бидејќи со тоа се покажа дека љубовта е посилна од смртта. Затоа љубовта е таа која е посилна од смртта или воопшто не е љубов. Во Христос се покажа посилна од смртта, се покажа затоа што беше љубов за другите. Токму тоа е порака и за нас, да се почитуваме едни со други и на тој начин ќе го живееме Христос во себе.Во ова време и за овој Велигден, и на Вас почитувани верници, Ви препорачувам да се почитувате едни со други бидејќи Бог е љубов! Така на најдобар начин ќе докажеме дека веруваме во Христос Воскреснатиот и така ќе ја оправдаме надежта која е во нас. Нека светлината на Воскреснатото утро ги исполни Вашите срца со надеж и љубов и со радост дека сме испратени едни со други да си ги ублажиме тешкотиите со силата и љубовта на Воксреснатиот Исус Христос. Сите Вас Ве поздравувам и благословувам со велигденскиот поздрав Алелуја Христос Воскресе“, се вели во велигденската порака на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.Во соборниот католички храм на вечерната саботна миса, покрај католичките верници присуствуваа повеќе лица од јавниот живот од други конфесии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советот го поддржа предлогот на градоначалникот Лукровски за покривање на трошоците за комунални услуги на основните училишта во Општина Карпош
Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година. Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош.
Станува збор за капитални инвестиции во инфраструктурни објекти какви што се реконструкција на повеќе улици, спортски сали во рамки на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“, интервенции во фекални и атмосферски канализации, како и изградба на детската градинка „Пролет“ во населбата Козле и „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе.
Потребниот консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет, односно ребалансот за 2025 година. Според образложението, потребата за донесување на оваа Одлука произлезе од доделувањето на средства поради зголемен износ на данок на додадена вредност (кој го исплаќа Министерството за финансии) за износ од 2.130.000 денари, како и промени на средствата во приходните и расходните ставки во колоните во косолидираниот Буџет на општината. Поточно, во консолидираниот Општински Буџет за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.853.654.953 денари се зголемува на износ од 1.857.766.953 денари. Во колоната – Буџет на Општина Карпош за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.059.141.953 денари се зголемува на износ од 1.061.771.953 денари. Во рамки на дебатата која се разви по оваа точка, градоначалникот Сотир Лукровски излезе пред советниците со конкретен Предлог – амандман, со кој ќе бидат пренаменети неискористените општински средства за патување во странство и расходи за репрезентација. По предлог на првиот човек на Општината, овие парични средства ќе бидат пренасочени за покривање на трошоци за комунални услуги на основните училишта од Општина Карпош. Во таа насока, мнозинството советници го поддржа предлогот на градоначалникот Лукровски, кој ќе биде составен дел од Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет.
Советниците дадоа „зелено светло“ и за изменување и дополнување на на Програмата за активностите во областа на спортот за 2025 година. Станува збор за измена во проектните активности за Училишните спортски лиги на Карпош за 2025 година, за стипендии за талентираните основци – спортисти од Карпош, како и за еднократна поддршка за спорт и рекреација. За Училишните спортски лиги се менува досегашната финансиска рамка од 2.050.000 на 2.624.000 денари. Фондот за стипендии за талентирани
ученици – спортисти од VIII и IX одделение од 1.100.000 денари се менува на 1.000.000 денари. Во делот за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација, износот од 1.000.000 денари се менува на 765.000 денари, од каде останатите 235.000 денари се префрлаат во фондот за Училишни спортски лиги на Општина Карпош за 2025 година.
Соодветна корекција претрпе и Програмата во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година. Имено, советниците ја поддржаа измената во третата точка од оваа Програма, која се однесува на парична помош за лицата односно семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик, или пак им се потребни финансиски средства за лекување. За таа намена се зголемува досегашниот износ од 7.000.000 денари на 9.000.000 денари.
Македонија
Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови
На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан. Со ребалансот се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини.
37 советници гласаа ЗА, еден воздржан и еден против.
Градоначалникот истакна дека ребалансот претставува прв значаен чекор кон финансиска консолидација на градот. Со него буџетскиот дефицит се намалува за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции се зголемуваат за речиси 98,9 милиони денари. Ребалансот ќе овозможи редовна исплата на платите во јавните претпријатија и намалување на непродуктивните трошоци, со цел средствата да бидат насочени кон проекти од директен интерес за граѓаните.

Во делот на јавниот превоз се предвидува враќање на приватните превозници во системот, продолжување на соработката со Министерството за транспорт за повторно активирање на Градскиот воз, како и набавка на 80 нови автобуси што веќе ја спроведува Владата. Започнува и процесот на разгледување на БРТ-системот како современо решение за подигнување на квалитетот на јавниот транспорт.
Во образованието, до крајот на годината, сите училишта ќе добијат нови спортски терени, фитнес-зони, смарт табли, информатички кабинети и лаптоп за секој првенец на генерација, а ќе биде решен и хроничниот недостаток на училишни клупи и столчиња.
Со ребалансот започнува реализацијата на повеќе зелени проекти, меѓу кои парк „Христијан Тодоровски – Карпош“, парк „Лепенец“ и дополнителни 50 мали паркови низ различни делови од градот.
Во делот на инфраструктурата ќе се продолжи со реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, изградбата на кружниот тек во Ѓорче Петров, третата лента на булевар „Александар Македонски“, првата фаза на булевар „Хрватска“, булевар „АСНОМ“ и клучката кај „Момин Поток“. Обезбедени се средства и за подготовка на проектна документација за улиците „Шарпланинска“, „Бутелска“, „Радишанска“, за кружниот тек кај „Тобако 2“ и други локации. Предвидени се и средства за експропријација, со што се отвора можност за реализација на големите булеварски решенија, вклучително и продолжувањето на булевар „Борис Трајковски“.
Градоначалникот порача дека со усвојувањето на ребалансот завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој на Град Скопје, со јасна намера градот да се врати на вистинскиот развоен пат.
Македонија
Муцунски и заменик-државниот секретар на САД разговараа за регионална стабилност, економијата и НАТО-сојузништво
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.
Во разговорот беше потврдена конструктивната и блиска соработка со САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.
Соговорниците разменија мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции.
Министерот Муцунски ја реафирмираше силната посветеност на Република Северна Македонија кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

