Македонија
Истрагата кај обвинителите – сложена и тешка задача
Во организација на Академијата за обука на судии и обвинители на дводневна работилница хрватскиот обвинител Драган Новосел на македонски судии и обвинители ќе им ги пренесе искуствата во врска со кривичните дела од областа на организираниот криминал и корупција.„Кога е во прашење организираниот криминал во Хрватска имаме доста добри резултати и тоа поради исклучително добрата соработка меѓу државното обвинителство и полицијата во прибирањето на докази. Што се однесува до сузбивање на корупцијата голем успех имаме по донесувањето на новиот кривичен законик со кој обвинителството ја координира работата на полицијата и другите и така станавме по успешни. Токму искуствата со примената на новиот закон кој е во постапка и во Македонија можеме да ги пренесеме и да помогнеме за добра примена на законот. Ова е исклучително сложен и тежок процес. Новиот закон бара нов начин на размислување на работење што е многу тешко да се постигне”, вели обвинителот Новосел.Тој додава дека само со агресивна борба и работа може да се постигнат добри резултати. Македонскиот обвинител за организиран криминал Јован Илиевски изјави дека обвинителството е подготвено со предизвикот да ја преземе истрага како што е предвидено во новиот закон за кривична постапка.„Ние го имаме како модел хрватскиот закон за кривична постапка начинот на кој тие ги спроведуваат одлуките. Се надеваме дека делумно ќе го искористиме.Јавното обвинителство има капацитет да постапува агресивно за делата од организиран криминал но има и некои други услови кои треба да се исполнат”, изјави Илиевски./крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)