Македонија
Адвокатот на Рамковски со забелешки за медиумската презентација на случајот
Адвокатот на сопственикот на А1 Велија Рамковски, Мирослав Вуиќ, нема замерки за приведувањето, туку забележува на начинот на кој што тоа било презентирано на јавноста.
„Кривичната пријава што беше презентирана од страна на МВР ние ја немаме видено и таа нема стигнато ни до Јавното обвинителство. Прво ја даваат во јавноста. Со кое право се сигурни дека таа кривична пријава така ќе биде испратена? Давани се квалификации, суми, јас не знам кој може и со кои компјутери и докази да го тврди тоа“, изјави Вуиќ.
Тој вели дека нема никакви докази за притвор на неговиот клиент.
Досега се приведени 14 лица, а според информациите на адвокатот Вуиќ, се очекува да бидат приведени уште осум лица.
За адвокатот ова е уште еден случај како „Змиско око“.
Во секој момент се очекува приведените да бидат изведени пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1. /сторија во развој/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

