Регион
Турција и Грција гледаат можност за решавање на поделбата на Кипар

Премиерите на Турција и на Грција, Ахмед Давутоглу и Алексис Ципрас во средата рекоа дека гледаат можност за решавање на 40 години долгата поделба на Кипар, а Атина најави поддршка за Турција да стане членка на Европската унија.
Oдносите помеѓу овие две членки на НАТО долги години се оптоварени со спорови околу границата во Егејското море, но поради мигрантската криза Давутоглу и Ципрас во последно време остваруваат редовни телефонски контакти.
„Токму сега се покажа можност за решавање на кипарското прашање. Преговорите продолжуваат. Имаме заеднички пристап со Грција за тоа како позитивно да придонесеме за разговорите, изјави Давутоглу на заедничка прес конференција со Ципрас, кој е во посета на Турција.
Кипар е поделен по етнички критериум од турската инвазија од 1974 година.
Европската унија ја признава владата на кипарските Грци како легитимна и тој дел стана членка на ЕУ.
„Ќе вложуваме напори за да ги охрабриме двете заедници на Кипар да донесат одржливо решение“, рече Ципрас.
„Верувам дека се доближуваме до решение, не би бил преоптимистичен, умерен сум оптимист, но верувам дека мораме да поттикнеме решение“, додаде Ципрас.
Претставник на кипарските Турци во средата за Reuters дека островот сега е најблиску да заврши поделбата и дека двете страни би можеле да го прецизираа текстот на спогодбата во мај.
Ципрас, не наведувајќи детали, рече дека Грција „во позитивно светло гледа“ на тежнеењето на Турција да стане полноправна членка на ЕУ ако ги исполни условите.
Двете држави мораат да ја зајакнат соработката во борбата против криумчарите кои стотици илјади бегалци и мигранти ги префрлуваат од турција преку Грција до Европа. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.