Свет
Синдикалец за малку ќе изел министерски ќотек
Министерот Стевчо Јакимовски одбил да го прими претседателот на Независниот синдикат Слободан Антовски на закажаната средба со такси превозниците, поради што дошло до кавга, во која Јакимовски и Антовски меѓусебно се навредувале, се пцуеле
ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА ТЕПАЧКА
Министерот Стевчо Јакимовски одбил да го прими претседателот на Независниот синдикат Слободан Антовски на закажаната средба со такси превозниците, поради што дошло до кавга, во која Јакимовски и Антовски меѓусебно се навредувале, се пцуеле, а за малк
Вчера во Министерството за труд и социјална политика за влакно била избегната физичка пресметка меѓу министерот Стевчо Јакимовски и претседателот на Унијата на независни синдикати на Македонија Слободан Антовски. Причина за инцидентот било тоа што министерот Јакимовски одбил да го прими Антовски на закажаната средба со Независниот синдикат на такси превозници на Македонија. При тоа дошло до кавга, во која Јакимовски и Антовски меѓусебно се навредувале и се пцуеле.
“Нема вечно да бидеш министер, а јас ќе си останам и понатаму во синдикатот”, му рекол Антовски на Јакимовски, на што овој одговорил дека баш му е гајле.
Наши извори велат дека дошло до кошкање, при што Јакимовски и Антовски за малку ќе се степале. Ситуацијата морало да ја спасува обезбедувањето од Министерството.
Драган Салтамарски, претседател на Независниот синдикат на такси превозници, вели дека недоразбирањето се случило поради завчерашниот допис од Министерството за труд и социјална политика, во кое стоело дека министерот Јакимовски ќе прими делегација од Унијата.
“Со мене и потпретседателот Теодосиев дојдоа и Антевски, како претседател на Унијата и Момчило Ивановски, секретар на Унијата. Преговорите со Министерството ние ги водиме, но претседателот на Унијата треба да знае што се случува и дојдоа со нас. Министерот не сакаше да ги прими Антевски и Ивановски, бидејќи претходно се карале и воопшто не сакаше да разговара со нив. Без опглед на нивната лична нетрпеливост, министерот не смееше да го избрка претседателот на Унијата, бидејќи она што е Муратовски во ССМ, тоа е Антовски за Унијата”, објаснува Салтамарски.
Министерството за труд и социјална политика вчера соопшти дека нема намера да разговара со Антовски и Ивановски, бидејќи повеќе пати се однесувале недолично во јавноста. До средба меѓу таксистите и министерот Јакимовски не дошло.
“На членовите од независниот синдикат на такси превозници им беше понудено да влезат, но Антовски и Ивановски не дозволија, со образложение дека без нив не смеат да преговараат и се обидоа физички да се пресметаат со обезбедувањето”, се вели во соопштението од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

