Свет
Хакери упаднаа на интернет страница на НАТО
Поддржаната од НАТО интернет страница www.nato-bookshop.org, најверојатно е нападната од хакери, соопшти во четвртокот прес-службата на Алијансата
Според службата, пристапот на оваа интернет страница според известувањето од специјалната полициска единица за борба против криминалот на интернет, бил блокиран, и претплатниците информирани за оваа мерка.Страницата претставува база од информации за јавноста и не содржи доверливи информации.Новиот стратешки концепт на НАТО, одобрен во ноември 2010 година на самитот на Алијансата во Лисабон, ја дефинира сајбер безбедноста како приоритет. Со цел да се детектираат, спречување и заштита од сајбер напади, министрите за одбрана на членките на НАТО во почетокот на јуни во Брисел го одобрија акциониот план за сајбер безбедноста.Неодамна медиумите постојано известуваа за високо профилирани напади од страна на хакери на интернет страниците на американските агенции и владини служби – Пентагон, ЦИА, ФБИ, како и на големите американски компании. Особено масивен беше хакерскиот напад изведен на 29-ти мај врз еден од најголемите светски производители на воздухопловна опрема, вклучувајќи ја и за военото воздухопловство – американската компанија „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) која беше принудена да ги одбива хакерските напад и да ги зачува информациите содржани на нејзината интернет страница. Изложени на силни хакерски напади беа и информациските системи на компаниите Google, Sony и Citigroup.За свое учество во некои од овие напади, соопшти меѓународната група хакери Lulz безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.

