Македонија
Берзата продолжува со скромен промет
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност денеска изнесуваше 6.992.886,75 денари (околу 114 илјади евра) со вкупно реализирани
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност денеска изнесуваше 6.992.886,75 денари (околу 114 илјади евра) со вкупно реализирани 82 трансакции.
Повеќе од половина од прометот односно 3.769.778,75 денари беше остварен со државните обврзници.
Индексот МБИ-10 падна за 1,42% на 2.540,78 индексни поени. МБИД се намали за 2,40% со вредност од 2.341,73 индексни поени. Само ОМБ оствари раст и тоа од 0,90% зголемувајќи ја својата вредност на 105,75 индексни поени.
Доминантен беше прометот со државната обврзница од девизните влогови кој изнесуваше 2.133.337,55 денари. Просечната цена изнесуваше 93,00% од номиналната вредност со нагорна промена од 0,98%. Вкупно се истргуваа 37.425 обврзници.
Акцијата на Алкалоид Скопје оствари промет од 803.941,00 денари со истргувана количина од 183 акции. Остварената просечна цена од 4.393,12 ја намали својата вредност за 1,89%. Максималната цена на тргувањето изнесуваше 4.441,00 денари а минималната 4.350,00 денари.
При тргувањето со државната обврзница за денационализација од осмата емисија се оствари промет од 644.876,94 денари а се истргуваа 13.447 обврзници. Просечната цена од 78,24% од номиналната вредност порасна за 0,79%.
На редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком со промет од 228.016,00 денари. Просечната цена изнесуваше 350,79 денари со надолна промена од 0,35%. Вкупно беа истргувани 650 акции.
Акцијата на Стопанска Банка Скопје како втора на редовниот пазар по тргување оствари промет од 84.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 210,00 а се зголеми за 1,01% во однос на претходниот ден. Вкупно се истргуваа 400 акции.
РЖ Услуги објави повторно свикување на годишното собрание на акционери кое ќе се одржи на 08.07.2009.
Бетон Скопје го објави конечниот ревизорски извештај за 2008 година во кој е истакнато дека нето добивката изнесува 20.051.000 денари.
Интернешнел Хотелс исто така го објавија ревидираниот финансиски извештај за 2008 година. Добивката по оданочување изнесува 5.187.000 денари
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Девизни Влогови
2. Алкалоид Скопје
3. Р.Македонија – Денационализација 08
4. Комерцијална Банка Скопје
5. Топлификација Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Р.Македонија – Денационализација 07 1,79%
2. Стопанска Банка Скопје 1,01%
3. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,98%
4. Р.Македонија – Денационализација 08 0,79%
5. Р.Македонија – Денационализација 04 0,77%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 23,08%
2. Попова Кула Демир Капија 12,73%
3. Топлификација Скопје 6,78%
4. Гранит Скопје 2,82%
5. Стопанска Банка Битола 2,74%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Иницијатива на Лајка: „Биди мојот Валентајн за еден ден” – прошетка и љубов за бездомни кучиња
Во месецот посветен на љубовта, ЈП Лајка започнува посебна иницијатива за љубителите на животни – „Биди мојот Валентајн за еден ден”. Со оваа акција, јавноста има можност да подари љубов и внимание на бездомни кучиња кои со месеци, а некои и со години, не излегле надвор од ѕидовите на прифатилиштето, известуваат од Лајка.

„Иницијативата им овозможува на граѓаните да изберат куче и да поминат еден цел ден со него надвор од прифатилиштето – на прошетка, во парк, на кафе, или дури и во локален пет-шоп. Целта е да им се овозможи на кучињата социјализација, збогатување на денот и да се покаже колку љубов може да направи разлика, дури и за само еден ден.
Со оваа иницијатива сакаме да ја покажеме убавината на социјализацијата и да создадеме емотивни врски помеѓу луѓето и нашите кучиња. Секое куче заслужува своја мала радост и да почувствува љубов.

Сите заинтересирани можат да се пријават на нашите телефонски броеви или преку нашите социјални мрежи.
Иницијативата е отворена за сите над 18 години, а учесниците ќе добијат инструкции за безбедно дружење со кучињата“, соопштуваат од Лајка.
Македонија
СДСМ бара украденото да се врати кај народот
Опозициската СДСМ обвини дека власта спроведува, како што наведуваат, грабеж преку криминални тендери, во време кога во државниот буџет недостасуваат две милијарди евра.
Од партијата посочуваат дека 161 тендер биле доделени на една фирма, 51 тендер на, како што велат, омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ преку општините, девет милиони евра на фирма со двајца вработени, како и 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта на Северна Македонија.
Според СДСМ, станува збор за милионски суми и голем број тендери кои, како што тврдат, завршуваат кај исти фирми.
„Украденото мора да се врати кај народот“, наведуваат од партијата, додавајќи дека за тоа да се случи мора да има одговорност за криминалните тендери.
Од СДСМ сметаат дека одговорноста треба да започне од, како што ја нарекуваат, тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ и дека нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на врвот на власта.
Во соопштението се наведува дека наместо празни зборови за промоција, премиерот Христијан Мицкоски треба да ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и постапките да започнат од 161 тендер, потоа од 51 тендер и од тендерот во Поштата.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

