Регион
САД стави двајца Грци на терористичката листа
– Мазиотис, Ксирос, Рупа
САД стави двајца грчки државјани на списокот од меѓународни терористи, објави Стејт департментот во вторникот.
САД стави двајца грчки државјани на списокот од меѓународни терористи, објави Стејт департментот во вторникот.
Станува збор за Кристодулос Ксирос и Николаос Мазиотис. Во образложението на Стејт департментот се наведува дека Ксирос „беше еден од главните атентатори“ на групата 17-ти Ноември која „беше активна од 1970-те до 2002-те години и изведе напади врз грчките политичари и деловни луѓе, како и врз западните интереси.
Станува збор за организација којашто е обвинета или ја презема одговорноста за убиства на 23 лица во 103 напади врз грчки, американски, британски и турски цели.
Во 2002 сега 56-годишниот Ксирос беше осуден на шест доживотни казни и 25 години тешка робија за учество во 33 терористички напади и шест убиства. Ксирос се смета за главен извршител на „17-ти Ноември“, која беше распуштена во 2002 година, и којашто ја презема одговорноста за вкупно 23 убиства извршени во периодот од 1975 до 2000 година, а особено убиството на шефот на канцеларијата на американската CIA во Атина, Ричард Велч, од вкупно пет жртви на американското дипломатско претставништво. Во 1997 година организацијата „17-ти Ноември“ беше ставена на листата терористички групи на САД, а по бегството на Кирос, американскиот Стејт департмент инсистираше Атина да го пронајде и да го врати терористот во затвор.
На 9-ти јануари 2014 година Кирос не се врати во добро чуваниот атински затвор Коридалос откако беше пуштен на отсуство во текот на божикните празници, а грчките власти објавија награда од милиони евра за информации коишто ќе придонесат за негово пронаоѓање и апсење.
Неколку дена по бегството, на 20-ти јануари минатата година, Кирос објави видео порака во којашто се закануваше со нови терористички напади, меѓу кои и врз политичари, новинари и деловни луѓе. Грчките безбедносни експерти тогаш изброија 250 негови потенцијални цели. Повторно беше уапсен на почетокот од јануари годинава.
Сега 43-годишниот Николаос Мазиотис, пак, беше еден од водачите на милитантната организација Револуцуонерна борба, која повеќе не постои. Мазиотис и неговата животна партнерка Панајиота Рупа, со која имаат петгодишен син, беа осудени на 50 години затвор, секој за голем број кривични дела, меѓу кои и напад врз амбасадата на САД во Атина со ракетен фрлач во 2007 година. Фактички, инаку, според грчкиот закон затворската казна не може да надмине 25 години. Мазиотис и Рупа беа осудени во отсуство, бидејќи исчезнаа во текот на истрагата во 2011 година, кога беа ослободени од затвор на условна слобода, а Мазиотис потоа беше уапсен во јули 2014 година.
Организацијата револуционерна борба се појавила во 2003 година и едно време важеше за најопасно екстремно левичарско движење во Грција. Групата беше откриена во 2010 година, откако еден нејзин припадник беше убиен во престрелка со полицијата. Револуционерна борба беше најсериозната група од таканаречен „нов бран” на екстремизмот на грчката левица во периодот меѓу 2008 и 2010 година, испровоциран од убиството на тинејџер во Атина во судири со полицијата во декември 2008 година по што уследија масовни и жестоки безредија. Револуционерна борба ја презеде одговорноста и за нападот врз полицаец кој беше сериозно повреден и со чудо ја избегна смртта. Покрај тоа, групата го организирала и нападот со автомобил бомба во близина на Атинската берза чија зграда беше тешко оштетена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Регион
Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени во Дубаи
Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“ во Дубаи за да ги врати хрватските граѓани заглавени во Обединетите Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, објави Министерството за надворешни и европски работи (MVEP).
„Утре и во наредните денови испраќаме четири авиони на „Кроација ерлајнс“, со можни дополнителни опции“, се вели во соопштението.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман се договори со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, за два авиони од локална авиокомпанија што ќе ги транспортираат хрватските граѓани од Дубаи, рече Зрињевац.
Во Обединетите Арапски Емирати моментално има околу 2.000 хрватски граѓани кои живеат таму, од кои 300 сакаат да бидат репатрирани, а има и 460 туристи кои, исто така, сакаат да се вратат во својата татковина.
Досега, хрватски државјани се евакуирани од Израел, Јордан и Бахреин. „Успеавме да ги евакуираме сите хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин, а наскоро и аџиите од Израел, кои се на лет преку Лион на пат кон Загреб, ќе пристигнат дома“, соопшти министерството.
Од Оман, каде што имаше 23 хрватски државјани, 12 беа евакуирани со лет преку Истанбул до Загреб. Останатите 11 имаат можност да одат во Дубаи, изјави претходно Грлиќ Радман.
Хрватската амбасада во Доха, исто така, обезбеди 30 места на летот на австриската компанија од Ријад во четврток, па затоа министерството ги повикува заинтересираните што е можно поскоро да се регистрираат за тој лет, на кој приоритет ќе им се даде на децата, болните лица, бремените жени и членовите на нивните семејства.
фото/Depositphotos

