Свет
Папата со указ може да ги забрза конклавите
Папата Бенедикт Шеснаесетти би можел со указ да го одреди рокот за заседавањето на Советот на кардиналите за изборот на неговиот наследник и кој теоретски не може да заседава пред 15-ти март, изјави во средата портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломабрди.
„Папата токму сега ја разгледува можноста идните денови да објави Motо proprio (указ), очигледно пред да почне периодот на sedis vacantia (испразнетата папска (некогаш и кардиналска) столица) што настапува на 280ми февруари”, изјави отец Федерико Ломбарди.
„Папата е единствениот кој може да ги менува прописите сé до последниот момент”, односно до 28-ми февруари во 20 часот, појаснува историчарот Амброџион Пјацони.
Апостолската конституција Universi Dominici Gregis од 1996 година, којашто Папата може да ја измени, предвидува почеток на конклавата 15 и 20 дена од моментот на настапувањето на „испразнетата столица”. Овој рок постои за да можат кардиналите коишто имаат право да избираат (до 80 годишна возраст) можат да допатуваат во Рим.
Меѓутоа, многу кардинали веќе се наоѓаат во Рим за да го поздрават папата Бенедикт Шеснаесетти на денот на неговото повлекување од должноста. И доколку сите тие до тој ден допатуваат во Рим, не би имало причина да се чека со конклавите.
Колкавите обединуваат 117 кардинали кои може да избираат во најголема тајност во Сикстинската капела во периодот потребен со двотретинско мнозинство гласови да се избере новиот поглавар на римокатоличката црква кој ќе ги предводи 1,2-милијардите верници.
Седмицава Бенедикт Шеснаесетти се повлече со кардиналите на ткн коризмени духовни вежби, но во паузата од медитациите тој сепак може да го потпише указот.
Влегувајќи во периодот на конклавите околу недела 10-ти март, би овозможило, доколку изборот трае три до четири дена, новиот папа да ја преземе должноста на единствениот празник во периодот на коризмите, на 19-ти март, денот на свети Јосиф, заштитникот на сеопштата црква.. Тоа, пак, потоа на новиот папа би му овозможило да се подготвува за обредите за Големата недела, а на кардиналите од целиот свет да се вратат во своите бискупи за овие подготовки.
Можно е и самиот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој инаку се претстави како организиран, грижлив и внимателен транзицијата да мине во ред, ги има предвид сите овие факти, која најави дека се повлекува токму на 28-ми февруари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

