Контакт

Македонија

Шестотини милиони евра поддршка за Македонија од ММФ и СБ

Објавено пред

Во Вашингтон македонската делегација предводена од вицепремиерот и минситер за финасии Зоран Ставрески договорила речиси 600 милиони евра поддршка од МЕѓународнито монетарен фонд и од Светската банка

dobivaj vesti na viber

Македонската делегација што ја предводеше заменик-претседателот на владата за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески, во Вашингтон престојуваше на годишното собрание на овие две највлијателни финансиски институции, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ).„Македонија беше добро примена од ММФ и од СБ. И двете инстиитуции искажаа задоволство од квалитетот на економските политики и од  резултатите што се остварени во кризни времиња, односно зазадравувањето на економијата и задржувањето на стабилноста. И, второ, што е многу важно, и двете институции искажаа подготвеност да и’ помогнат на Македонија во следниот период побрзо да излезе од кризата, побрзо да ја заздрави економијата и да оствариме повисок економски развој. Во таа насока посебно е значајно што двете институции за време на разговорите ветија дека со 600 милиони евра ќе ја помогнат Македонија, од кои ММФ со 400, а СБ меѓу 150 и 200 милиони евра завосно од проектите што ќе се договорат“, ја цитира изјаватата на вицепремиерот Ставрески, агенцијата МИА.Кога станува збор за поддршката од ММФ, која беше соопштена во саботата, Ставрески нагласува дека со ова Македонија ја добива можноста да стане првата земја што ќе ја добие ткн. отворена кредитна линија, којашто ја дава ММФ на земји кои имаат силни и здрави економски политики, и претставува верификација на квалитетот на тие политики.„Во следниот период останува да ги разговараме деталите околу таа кредитна линија и со експертската јавност и со бизнисмените да отвориме разговор околу тоа дали е добро за Македонија во оваа фаза да ја земе таа кредитна линија“, изјавил вицепремиерот Ставрески. Со СБ е разговарано за дефинирање на кредитите и проектите што ќе бидат финансирани во првата година при што приоритет ќе имаат енергетските проекти. Тука е влезен проектот од енергетскиот сектор за далекуводот кон Србија и буџетската поддршка од 30 милиони американски долари, како и еден помал проект за осигурување. Во следниот период веќе е искажана подготвеност од страна на Банката за финансирање на браната Луково Поле, за што македоснакат влада ќе почне со изработка на целокупната документацијата за побрзо да дојде до реализација на тој проект, рекол Ставрески којнајавил и други проекти.Ставрески откри и дека на разговорите со Меѓународната финансиска корпорација било разледана можноста за нивно поголемо учество во приватниот сектор. Вицепремиерот искажувајќи задоволство од приемот на Република Македонија и искажаната подготвеност на најголемите финансиски институции да бидат нејзин партнер следните неколку години за доброто на македонската економија, Ставрески дополнува дека деталите за проектите и поддршката најавена од ММФ и од СБ ќе бидат договорани за време на редовните мисии на двете светски финансиски институции веќе во ноември, кога во Македонија доаѓаат шефот на Мисијата на ММФ Вес Мекгру и на СБ Џејн Армитаџ.

Македонија

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Објавено пред

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.

dobivaj vesti na viber

„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.

Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.

„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.

Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.

Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.

„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.

Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:

„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.

dobivaj vesti na viber

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.

Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Македонија

До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион6 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет6 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа7 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ8 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија12 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ12 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија12 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија14 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија16 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет16 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија16 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион19 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет19 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија19 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...