Македонија
Жбогар и Клинтон: Македонија да влезе во НАТО во ноември

САД и Словенија сметаат дека е време да се постигне договор Македонија да добие покана за влез во НАТО и да започне преговори за полноправно членство во Европската унија
САД и Словенија сметаат дека е време да се постигне договор Македонија да добие покана за влез во НАТО и да започне преговори за полноправно членство во Европската унија.
Ова, како што јави словенечката агенција ста, било истакнато на состанокот меѓу министерот за надворешни работи на Словенија Самуел Жбогар и американската државна секретарка на САД Хилари Клинтон синоќа во Њујорк.
“Во врска со Македонија двајцата сметаме дека е време да се постигне договор, Македонија во ноември да добие покана за влез во НАТО и во декември датум за почеток на преговори со Европската унија“, изјави Жбогар за словенечките медиуми, по средбата со Клинтон.
Жбогар додал дека за Македонија во понеделникот разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )