Македонија
Фуере:Очекувам закон против дискриминација усогласен со стандардите на ЕУ
Големо разочарување се коментарите за кои се надеваме дека не се вистинити, дека делот од Законот којшто се однесува на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација се изменети во најновиот текст.
Големо разочарување се коментарите за кои се надеваме дека не се вистинити, дека делот од Законот којшто се однесува на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација се изменети во најновиот текст. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, одговарајќи на новинарско прашање во врска со измените на Законот за спречување на дискриминација. „Тоа е нешто на што ќе реагира и Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП) чија делегација пристига во Македонија за две недели. Се надевам дека овој закон, што претходно беше разгледан и од Народниот правобранител, ќе биде во оној првичен текст кој беше целосно усогласен со стандардите на ЕУ“, рече Фуере. Според него, Македонија, како претстоен претседавач со Советот на Европа, треба да даде најдобар пример во борбата против дискриминацијата. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.