Свет
Цариник од Деве Баир не признава дека примил поткуп

Во Кумановскиот суд вчера започна судскиот процес
против Гоце Стаменковски (38), викан Бич, од Крива Паланка, цариник на
граничниот премин Деве Баир, обвинет за примање поткуп.
ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО КУМАНОВО
Во Кумановскиот суд вчера започна судскиот процес
против Гоце Стаменковски (38), викан Бич, од Крива Паланка, цариник на
граничниот премин Деве Баир, обвинет за примање поткуп. Обвинетиот пред Судот
тврдеше дека е невин и оти ниту барал ниту, пак, примил поткуп. Тој изјави дека
како царински службеник работи веќе седум и пол години, а на преминот Деве Баир
неполна година.
Во ноќната смена, на 26 јануари годинава работел со уште 7-8 колеги и притоа
вршел редовна контрола за влез на сите автобуси кои ја преминувале границата.
Не се сеќава дали го контролирал и автобусот на "Алфард туризам" со
турски регистарски таблички, за кога се товари дека барал мито бидејќи ноќта
поминале уште 5-6 автобуси на редовни линии. Цариникот изјави дека потекнува од
чесно семејство и оти претходните години бил наградуван за спречување шверц
бидејќи повеќепати откривал дрога, оружје и акцизна стока.
Според обвинението, Стаменковски на 26 јануари околу 4.30 часот по полноќ на
граничниот премин Деве Баир, Крива Паланка, преку возачот на автобусот, од
сведокот, лице со прикриен идентитет, побарал подарок од 50 евра во денарска
противвредност од 3.100 денари за да не изврши и не наплати царина за стоката
што ја пренесувал. Тогаш лицето со прикриен идентитет во својот пасош ставило две
банкноти од по 20 евра и му го дал на возачот на автобусот, кој парите му ги
предал на обвинетиот, а овој ги зел и му ја вратил патната исправа.
На наредното рочиште ќе биде сослушан сведокот со заштитен идентитет и ќе биде
прегледан снимениот материјал.
Стаменковски бил уапсен на граничниот премин Деве Баир со повеќе негови колеги
цариници и полицајци и против нив беше поднесена кривична пријава за
организиран криминал и корупција. Сега обвинението е преиначено во примање
поткуп и на секој од обвинетите ќе му се суди поединечно. Одбраната бара во
случајот да не бидат употребени посебните истражни мерки кои биле приложени во
претходното обвинение
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.
Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.