Свет
Околу 200 лица осудени во Белорусија за учество во протести

Речиси 200 лица се осудени во Белорусија за учество на протестите „Револуција преку социјални мрежи“ кои се случија во главниот град Минск и неколку други градови во земјата на 6-ти јули, изјави за РИА Новости претставникот на центарот за заштита на човековите права „Пролет“.
Речиси 200 лица се осудени во Белорусија за учество на протестите „Револуција преку социјални мрежи“ кои се случија во главниот град Минск и неколку други градови во земјата на 6-ти јули, изјави за РИА Новости претставникот на центарот за заштита на човековите права „Пролет“.„Процесите се водеа два дена. Денеска во попладневните часови беше познато дека се осудени 193 лица, од кои 92 во Минск“, изјавил соговорникот на руската новинска агенција. Повеќето од осудените се казнети со административен притвор до 15 дена. Некои, пак, се казнети со големи парични казни.Според информациите на активистите за заштита на човековите права, само за време на протестот во средата биле уапсени околу 400 луѓе во целата држава, а 190 само во Минск.Според претставникот на здружението „Пролет“, за време на одржувањето на протестната акција од 8-ми јуни „Револуција преку социјални мрежи“ биле уапсени околу 1.730 лица, вклучувајќи и десетици новинари.Во Белорусија од неодамна се одржуваат протести во сосема нов облик. Учесниците ни не носат знамиња и транспаренти, и не извикуваат разни пароли. Тие само аплаудираат кога полицијата се обидува да ги избрка од местото на кој тие претходно преку социјалните мрежи го закажуваат одржувањето на собирот./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кој е поранешниот руски министер за транспорт: Путин го разреши, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов во Москва

Поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовојт, кој утрово беше разрешен од рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов а сомнежите се дека извршил самоубиство, пишува „РИА Новости“.
Телото е пронајдено во неговиот автомобил во Одинцово, Москва.
„Според првичните информации, Старовојт извршил самоубиство во Одинцово во близина на Москва“, открива извор на руската агенција.
Истражителите се уште се на местото на настанот. Истрагата е сè уште во тек.
Роман Старовој беше разрешен од функцијата министер за транспорт утрово, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов во својот автомобил во Москва. Тој ја извршуваше таа функција од мај 2024 година.
Според написите, Старовојт бил претходно предупреден од руската безбедносна служба дека се „заинтересирани“ за него. Неговиот извор открил дека ФСБ има големо досие за Старовојт во врска со Курск и за неговата работа во Министерството за транспорт.
Досега работел на неколку различни работни места. Бил директор на Регионалната инвестициска агенција, бил извршен директор на градежната компанија „Стројинвест“, бил портпарол на Одделот за односи со инвеститорите на Комитетот за инвестиции и стратешки проекти на Санкт Петербург.
Свет
Тинејџерка силувана во јавен тоалет на плажа во Англија, уапсен 31-годишен маж

Рано наутро во неделата, полицијата во Дорсет добила пријава за силување на една од најпознатите плажи во Англија, плажата Борнмут, објавува „The Sun“.
Според официјалните полициски информации, околу 2 часот наутро, било пријавено дека девојката, за која се вели дека е во доцните тинејџерски години, била сексуално нападната во јавен тоалет покрај плажата.
Полицијата веднаш реагирала и уапсила 31-годишен маж под сомнение за силување. Во тек е кривична истрага, а форензичките експерти го обработуваат местото на настанот, кое беше ограничено со полициска лента.
На жртвата ѝ е обезбедена поддршка од специјализирани полицајци кои се специјално обучени за работа со жртви на сексуално насилство од почетокот на истрагата.
„Полициските службеници интензивно патролираат низ областа и ги охрабруваме сите што имаат какви било информации или загрижености да не контактираат“, соопшти полицијата во Дорсет.
Истрагата продолжува, а полицијата нагласува дека нивен приоритет е безбедноста на заедницата и собирањето на сите релевантни докази што би можеле да помогнат во овој случај.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.