Свет
Нови цивилни жртви на НАТО во Авганистан
Силите на НАТО убиле 33 цивил во воздушен напад во централниот дел од Авганистан, меѓу кои има деца и жени, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи
Командата на НАТО призна дека во уверување оти станува збор за талибани извршил напад и дека меѓу загинатите има деца и жени кои се нашле на местото од бомбардирањето, ветувајќи истрага, Авионите на мисијата ИСАФ во неделата гаѓале три возила во покраината Орузган, истакнал портпаролот Замараи Башари.„Според првите информации 33 цивил е убиен во нападите, меѓу кои деца и жени а 12 се ранети“, нагласил Башари.„Во недела група лица за кои имало сомневања дека се бунтовници кој би ги нападнале единците на авганистанската војска и на мисијата ИСАФ, била цел на авионите и некои се убиени“, стои во соопштението на меѓународната мисија во која има и македонски војници издадено во понеделник.Во соопштението се додава дека кога сојузничките сили стигнале на местото и виделе дека станува збор за деца и жени, ранетите ги префрлиле во медицинските центри и дека е нареден итна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.