Македонија
Отворен македонскиот штанд на „Шангај Експо 2010“

Македонската висока делегација присуствуваше утрово на отворањето на македонскито штанд во „Шангај Експо 2010“
Претседателот на собранието, Трајко Вељаноски го посети изложбениот простор на Експо 2010 и свечено го отвори павиљонот на Република Македонија. На отворањето присуствуваа националниот комесар на Република Македонија за Шангај Експо, заменик министер за економија Методија Хаџи Васков и членовите на парламентарната група за македонско – кинеска соработка, Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми. Националниот комесар, Хаџи Васков, на членовите на делегацијата им го претстави просторот во македонскиот павиљон, дизајниран во форма на пчелино саќе испреплетено со мотиви од урбани средини и пејсажи од Република Македонија, што во целост се вклопува со мотото на Експо 2010 “Подобар град, подобар живот”.Вељаноски во Шангај се сретна со потпретседателот на НР Кина, Ши Џинпинг. На средбата присуствуваа и останатите членови на собраниската делегација Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми.
Потпретседателот Ши Џинпинг искажал задоволство од постигнатото високо ниво на вкупните односи меѓу двете земји, што ги карактеризира висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање.
“Убеден сум дека соработката меѓу нашите две земји на различни полиња уште повеќе ќе се продлабочува и ние сме подготвени да ги засилиме нашите активности. При тоа се надевам дека ваквите добри односи на сите останати полиња ќе придонесат за интензивирање особено на економската соработка”, истакна претседателот Вељаноски.Потпретседателот на Кина Ши Џинпинг истакна дека учеството на Република Македонија на Шангај Експо 2010 ја покажува почитта кон Кина како домаќин на овој извонредно голем и значаен настан.”Се надевам дека вашиот павиљон ќе постигне целосен успех и ќе ги покаже шармот и убавините на РМ пред светската јовност”, рече Ши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Паркинг ќе се плаќа без пораки, јавен превоз без картички, музеј и жичарница без редици, Ѓорѓиевски претстави нова паметна картичка за Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, презентираше нова картичка со која сите услуги што ги нуди градот ќе бидат достапни на едно место. Проектот „Скопје сити гоу- паметна картична“ е наменет пред се на младите со цел Скопје да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.
„Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам, Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место. Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка. Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички. За младите ова значи повеќе мобилност и слобода. Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка. Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство“, најави Ѓорѓиевски.
Картичката „Скопје сити гоу“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде симбол и на социјална еднаквост.
„Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно. За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени. Никој нема да биде изоставен“, вели градонаалникот Ѓорѓиевски.
Картичката тој очекува да има вредност и надвор од јавниот сектор, одноно општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности.
Предвидено е „Скопје сити гоу“ да биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма, а секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи.
„Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето. Со ’Скопје сити гоу’ започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје“, рече Ѓорѓиевски.
Македонија
Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска со пожарот што избувна во Трубарево, а за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две фирми, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице. Воедно се испитува потенцијалната одговорност и на други лица.
Во текот на денот јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање докази, по кои сè уште постапуваат надлежните органи. Се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето што ги спроведува Министерството за животна средина.
Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.