Вести
Ирак би можел да побара руски удари врз IS

Ирачките власти би можеле да побараат руска помош во воздушните напади врз екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) на територијата на својата земја и сакаат Русија да игра поголема улога отколку САД во војната против оваа џихадистичка групација.
„Би можеле да бидеме принудени наскоро да побараме од Русија покренување воздушни удари во Ирак. Мислам дела следните неколку дена или седмици Ирак би може да биде принуден од Русија да бара покренување на воздушни удари, а тоа зависи од нивниот успех во Сирија“, изјави шефот на парламентарната комисија за одбрана и безбедност, Хаким ал-Замли, пренесува Reuters.
Руските напади против Исламската држава во Сирија му дадоа надеж и на Багдад дека Русија би можела да стане поефикасен партнер против џихадистите. „Би сакале да видиме посилна руска улога во Ирак. Да, дефинитивно поголема улога отколку што ја имаат Американците“, рекол ал-Замли за агенцијата.
Претходно ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади изјави за француската телевизија France 24 дека би ја поздравил руската воздушна операција во Ирак.
Оцената за ефикасноста од воздушните удари ќе бидат дадени во заедничкиот информативен центар кој во ирачката престолнина Багдад го воспоставија пред две седмици Русија, Ирак, Сирија и Иран во кој се слеваат разузнавачките информации за Исламската држава. Според, ирачките функционери, извештајот ќе биде предаден до комисијата за одбрана на ирачкиот парламент или до ирачката влада.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, во понеделникот изјави дека нему не му е познато за какво и да е обраќање на Ирак до Русија со барање за воена помош во борбата против Исламската држава.
Во вторникот, претседателката на горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко, изјави дека Русија ќе ја разгледа политичката и воената изводливост за учество на руските сили во борбата на Ирак против џихадистите, доколку биде упатено такво барање. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.