Економија
Продолжува падот на вредноста на акциите
Продолжува трендот на опаѓање на вредноста на индексите на Македонската берза АД Скопје со денешното тргување на кое индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 изгуби 1,40 проценти
Продолжува трендот на опаѓање на вредноста на индексите на Македонската берза АД Скопје со денешното тргување на кое индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 изгуби 1,40 проценти.
Индексот на јавно поседувани друштва падна за 7,66 индексни поени или 0.28 проценти, додека индексот на обврзници единствено забележа пораст од 0,04 проценти исто толку и во поени.
Вредноста од тргување во средата изнесуваше 12.936.138,00 денари промет кој се реализира од 97 трансакции. Од овој промет 12.126.288,00 денари од 84 трансакции се оствари на Официјалниот пазар, додека 809.850,00 денари на Редовниот пазар од 13 реализирани трансакции.
Најликвидни хартии од вредност на Официјалниот пазар беа обврзниците од денационализација на Р. Македонија од кои најмногу се тргуваше со деветата емисија по цена од 77,83 проценти од номиналната вредност со овие обврзници и при тоа остварија промет од тргување во вредност од 6.169.672,81 денари од 34 реализирани трансакции додека со нив се истргуваа 128.896 обврзници.
Втората најтргувана хартија од вредност на Официјалниот пазар беше обврзницата од петата емисија од денационализација кои се тргуваа по просечна цена од 84,50 проценти од номиналната вредност, и при тоа со нив се истргуваа 34.245 обврзници со кои се оствари промет од 1.779.687,81 денари.
Трета по ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност беше акцијата на Алкалоид АД Скопје. Истргуванни беа 344 акции по просечна цена од 3.946,38 денари.
На редовниот пазар без некои поголеми промени по ликвидноста исто како и во вторник така и во среда акцијата на Македонски Телеком АД Скопје повторно беше најтргувана. Се истргуваа 1.135 акции по цена од 498,14 денари од акција и при тоа остварија 565.385,00 денари на промет.
Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата на Тутунска банка АД Скопје со реализиран промет од 110.800,00 денари од 1 реализирана трансакција по цена од 3.960,00 денари од акција. Пет најтргувани хартии од вредност1 Р. Македонија денационализација девета емисија2. Р. Македонија денационализација петата емисија3. Алкалоид АД Скопје4. Комерцијална банка АД Скопје5. Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Кјуби АД Скопје 8,17%2. Охридска банка АД Скопје 4,99%3. Земјоделски Комбинат АД Скопје %4. Р. Македонија денационализација девета емисија 0,71%5. Тутунска банка АД Скопје 0,25%Хартии од вредност со најголем пад1. Макстил АД Скопје 3,92%2. Гранит АД Скопје 2,84%3. Стопанска банка АД Скопје 2,31%4. Р. Македонија денационализација петата емисија %5. Топлификација АД Скопје 1,85%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

