Македонија
Албански државјанин извршил полов напад врз 10-годишно девојче во струшко
Албански државјанин од Либражд вчера попладне извршил полов напад врз десетгодишно девојче кај местото „Црковни ливади“ во струшкото село Враништа, сооштува МВР.
Албански државјанин од Либражд вчера попладне се обидел да силува десетгодишно девојче кај местото „Црковни ливади“ во струшкото село Враништа, сооштува МВР.
Девојчето вчера околу 16 часот се упатило со неколку крави од својот дом кон „Црвени ливади“. Забелажала дека дваесет и девтгодишниот албански државјанин оди пеш по нејзе.
„Во еден момент истата се завртела кон него и го прашала дали бара некого, на што тој на албански јазик и одговорил, потоа ја фатил за левата рака, го откопчал патентот од неговите пантолони и започнал да ја допира“ соопштуваат од МВР.
Девојчето почнало да плаче и да го моли да не и прави ништо. Успеала да побегне и трчала кон селото, каде била пресретната од нејзини соселани, кои го фатиле извршителот и случајот го пријавиле во полиција.
Албанскиот државјанин е приведен и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера во полициската станица Гази Баба во Скопје било пријавено дека маж на околу 50 години сабајлето пред книжарницата „Арсенал“ извршил задоволување на полови страсти на јавно место.
Лицето било високо околу 185-190 сантиметри, со куса проседа коса, округло лице, а десната рака му била во гипс. Истиот бил облечен во сина маица и темни панталони./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Разрешувањето на Даути е срамен и реваншистички акт
„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ.
Според нив оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.
„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.
Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.
Македонија
Изгласана интерпелацијата за Илире Даути
На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути.
Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Од Левица велат дека Собранието дефакто констатирало дека пратеничката Илире Даути го крши Уставот и законите со блокадата на Законот за бранители.
„Со ова се пресече јазолот во Собранието, кој ДУИ го создаде преку неделовничко и насилничко дејствување – наместо да се исползува народната волја, собраниските процедури се киднапирани“, велат од Левица.
Од партијата додаваат дека со својата проактивност го донеле мнозинството пред свршен чин, додека СДСМ и понатаму не успева да излезе од сенката на ДУИ и да фати чекор со нив кои ја водат главната опозициска борба.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ за аерозагадувањето не се мерки, со нив проблемот не може ни да се ублажи
Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не ода на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот.
Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.
Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат“, се наведува во реакцијата.