Економија
Романија усвои план за штедење со кој се намалуваат платите и пензиите

Централно-десничарската влада на Романија, доцна синоќа усвои официјално план за штедење во координација со Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
Централно-десничарската влада на Романија, доцна синоќа усвои официјално план за штедење во координација со Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
Планот предвидува привремено, но драстично намалување на платите и пензиите во јавниот сектор за да се намали на буџетскиот дефицит.
Синдикатите во понеделникот најавија заеднички штрајк на вработените во администрацијата и образовните установи против овие мерки. Опозицијата веднаш се спротистави на мерките и планира да побара гласање за недоверба на владата.
„Владата остана на својот став, усвои нов план на за штедење, според кој, буџетскиот дефицит ќе се сведе на 6,8 отсто преку намалување на буџетските трошоци, а без зголемување на даноците”, изјави премиерот Боц.
Планот за штедење е подготвен во соработка со ММФ и предвидува намалување на платите во јавниот сектор од 25 отсто, а пензиите и социјалната помош се скратуваат за 15 проценти.
„Нема да бидат намалени минималните плати, ( оние кои земаат 600 леи или околу 150 евра), ниту пак најмалите пензии (350 леи или 85 евра)“, рече Боц.
Помошта за мајчинство во рамките на породилно отсуство, кои се 85 отсто од платата во период од 2 години ќе бидат намалени за 15 а не за 25 проценти како што беше најавено претходно.
„Намалувањето на платите и на пензиите ќе биде на сила до крајот на 2010 година. Овие мерки треба да го намалат буџетскиот дефицит на Романија и да ја зголемат економската активност“, рече премиерот по вчерашното усвојување на новиот план.
Романија, која беше силно погодена од светската економска криза треба да добие нова рата од заемот во висина од 20 милијарди долари, одобрен од страна на ММФ, Европската унија (ЕУ) и Светската банка./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.