Македонија
„Филип Втори“ останува во скопската Градска болница
Кардиохирургијата „Филип Втори“ и во следите дваесет години останува закупец на просторот во скопската Градска болница „8 Септември“ (поранешна Воена болница).
Кардиохирургијата „Филип Втори“ и во следите дваесет години останува закупец на просторот во скопската Градска болница „8 Септември“ (поранешна Воена болница).„Филип Втори“ овој простор го доби за цена од 75 илјади евра месечно коишто ќе ги плаќа следните две децении.Ова сума беше највисоката понудена од страна на вториот понудувач поликлиниката „Рес Хумана“ од Скопје, но согласно правилата на наддавањето, сегашниот закупец „Филип Втори“ го искористи правото и се изјасни дека ја прифаќа понудената цена. Согласно условите на огласот „Филип Втори“ се обврза дека во следните три години ќе воведе детска кардиохирургија и дека располага со опрема и кадар за изведување на најмалку илјада интервенции годишно. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Губитничките партии на Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Сајтот на СДС, исто како и нивната политика, е преполн со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајна незгода во Вараждин
Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.