Свет
Четири авганистански војници се убиени во судир со НАТО
Силите на НАТО се судриле со своите авганситански сојузници и во престралките се убиени четворица а ранети шест авганистански војници, јави Reuters. Претходно во источниот дел од земјата биле убиени двајца американски војници и еден американски цивил
Шахедулах Шахед, портпаролот на гувернерот на провинцијата Вардак, југозападно од Кабул, изјавил дека меѓународните сили и авганистанските единици мината ноќ учествувале во операции во покраината кога меѓу нив избувнал судир.„Четворица војници се убиени, а шестмина се ранети кога во воздушен напад на меѓународните сили е погодена нивната позиција“, изјавил Шахед додавајќи дека причините за меѓусебниот судир се’ уште не се познати.Портпаролот додал и дека американскиот воздушен напад бил извршен врз истурена позиција на авганистанската војска во регионот, но ниту двете страни не откриле детали за судирот. И силите на Алијансата потврдиле дека дошло до инцидент меѓу западните и авганистанските сили за безбедност, исто така некоментирајќи детали.„Соработуваме со авганистанското министерство за одбрана на утврдување на околностите под кои се случил инцидентот“, изјавил портпаролот на американската војска во рамките на НАТО, Нико Мендез.Во петокот навечер од командата на меѓународната мисијата ИСАФ во која учествуваат и македонски војници, потврдија дека на исток од Авганистан загинале двајца американски војници и еден цивил, притоа не соопштувајќи повеќе поединости.Од 1-ви јануари во авганситан загинаа 44 странски војници од кои 29 се американски, наведува интернет страницата icasualties.org која е специјализирана за водење статистика во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски тврди дека украинската армија заробила двајца севернокорејски војници во Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека армијата на земјата заробила двајца севернокорејски војници во областа Курск во Русија.
Како што јави Ројтерс, Зеленски рече дека заробените севернокорејски војници комуницираат со Службата за безбедност на Украина.
„Како и на сите воени заробеници, така и на овие двајца севернокорејски војници им е пружена потребната медицинска помош“, напиша Зеленски во објавата на платформата Х.
„Ова не беше лесна задача: руските сили и другиот севернокорејски воен персонал рутински ги егзекутираат своите ранети за да ги избришат сите докази за вмешаноста на Северна Кореја во војната против Украина“, додаде тој.
Во декември минатата година, Зеленски рече дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници биле убиени или ранети во борбите против украинските сили во руската област Курск.
Our soldiers have captured North Korean military personnel in the Kursk region. Two soldiers, though wounded, survived and were transported to Kyiv, where they are now communicating with the Security Service of Ukraine.
This was not an easy task: Russian forces and other North… pic.twitter.com/5J0hqbarP6
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 11, 2025
Според Украина и САД, Пјонгјанг испратил илјадници војници во Русија за да ја засили руската армија во нејзината војна со Украина, а некои од нив биле распоредени во Курск, каде што украинските трупи ненадејно извршиле инвазија во август и зазеле дел од територијата.
Свет
(Фото) Црната кутија престанала да снима четири минути пред авионот да удри во ѕид во Јужна Кореја
Црнaта кутија на патничкиот авион Џеџу Ер, кој експлодираше минатиот месец на аеродромот Муан во Јужна Кореја, не содржи податоци за последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата.
Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот покажала дека снимките на двата уреди биле прекинати приближно четири минути пред авионот да удри во ѕидот на аеродромот.
Експлозијата се случила во 9:03 часот на 29 декември, кога авион на Џеџу Ер удрил во бетонски ѕид на аеродромот Муанг откако се лизнал по земјата бидејќи тркалата не му биле спуштени.
Податоците од FDR и CVR престанаа да се снимаат во 8:59 часот, што им отежнува на инспекторите да ја анализираат ситуацијата.
Иако податоците од FDR и CVR се клучни за истрагата, властите нагласија дека тие не се единствените извори на докази.
Авионот на Џеџу Ер 7C2216, кој полета од Бангкок, Тајланд до Муан, југозападно од Сеул, принудно слета, удри во бетонски ѕид, експлодираше и се запали.
Загинаа 179 патници и членови на екипажот.
Регион
„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање
Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.
Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.
„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.
Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.
„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.
Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.
Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.
Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.
Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.