Регион
Ципрас тврди дека јули е рокот за договор со заемодавците

Челникот на коалицијата на грчката радикална левица Сириза, 40-годишниот Алексис Ципрас, во петокот ги отфрли тврдењата дека Грција мора до крајот на следниот месец да ја доврши ревизијата на условите за меѓународната финансиска помош, истакнувајќи дека владата којашто би ја предводела левицата со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ќе преговара до јули.
Грчката влада предводена од конзервативната Нова демократија и премиерот Антонис Самарс настојуваше да ја заврши ревизијата на програмата за странска финансиска помош во износ од 240 милијарди евра, но целиот процес беше прекинат поради предвремените парламентарни избори кои ќе се случат во недела 25-ти јануари, откако во декември парламентот во трите законски предвидени круга не испеа да избере претседател на државата.
Договорот за помошта од ЕУ и ММФ истекнува на 28-ми февруари, па функционери од еврозоната оставија можност да се насети дека Грција веројатно ќе мора да побара уште едно продолжување на траењето на програмата.
Меѓутоа, имајќи ја предвид веројатната изборна победа на Сириза, која се противи на жестоките мерки на штедење, Ципрас изјави дека планот на Европската централна банка (ECB) да ја поттикне економијата во еврозоната со 18-месечен откуп на државните обврзници, од март до септември идната година, во вкупен износ од над 1.000 милијарди евра, всушност го одреди рокот до кој Грција мора да ги доврши преговорите со заемодавците. Грција нема да може да учествува во програмата на ЕСВ до јули.
„Вчерашното објавување на ЕСБ го одредува графиконот за преговорите, а тој завршува во јули, што е рок кој и ние го одредивме, а не 28-ми февруари“, истакна Ципрас, изразувајќи убедување делка дотогаш ќе постигне „одржливо взаемно прифатливо решение“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.